Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во оваа рубрика анализирам и подобрувам постари модели звучници што биле популарни на овие простори. Сигурен сум дека непријатно се изненадивте колку лоши звучници всушност биле сите тие, а и јас бев вчудовиден зошто не направиле само малку подобри свртници – со што веднаш би се претвориле во сосем солидни звучници. Во некои случаи моите свртници беа дури и поедноставни и поевтини од оригиналните, а сепак даваа многу подобри резултати. Но, во некои случаи (не)квалитетот на самите звучнички единици не даваа можност со „операција” на свртницата да се издигне на највиското ниво. Овојпат на операционата маса се најдоа англиските звучници Bowers&Wilkins DM603 S2, па да видиме дали и колку може да се подобрат.
Едно од најпрепознатливите имиња во светот на звучниците секако е британската компанија Bowers&Wilkins. Нивната репутација е заслужена пред сè во некои поранешни времиња кога логото B&W беше гаранција за висок квалитет, но во последниве години Bowers&Wilkins се претопи во котелот на просечните, односно се додворува на (не)вкусот на поголемиот дел од публиката, т.е. можните муштерии. Тоа може и да се разбере, бидејќи целта на секоја компанија е профитот, така што наједноставно решение за успех е задоволување на барањата, какви и да се тие, на поголемиот сегмент од публиката. Секоја сериозна компанија прави истражување на пазарот и ги анализира вкусовите на публиката, па така уште поодамна се знае дека она што го бара поголемиот дел од не-аудиофилската публика е звучник што има истакнат високотонски спектар, заедно со нагласен дел од ниските тонови околу 100 Hz. Тоа е во остра спротивност со природниот и неутралниот звук што го бараат аудиофилите, но тие се занемарливо малцинство и не носат многу пари во касата на производителите на звучници.
Амплитудно-фреквенциска карактеристика на B&W DM603 S2
Амплитудно-фреквенциска карактеристика на B&W DM603 S2 со модифицираната свртница
Некои компании, како што е Bowers&Wilkins, сепак не го напуштаат тој мал аудиофилски сегмент, но затоа финансиски го компензираат тоа целејќи најмногу на најскапиот high-end програм, наплаќајќи висока цена на своите производи. Сегментот на нивни производи со средна цена заинтересираните го перцепираат како да е близок до, или барем инспириран од, нивниот high-end производен програм... и тука е можно да настанат некои заблуди и изневерени очекувања. Звучниците од серијата 600 на Bowers& Wilkins се на почетното скалило од средната класа на нивните производи, па многумина се надеваа дека за релативно мали пари ќе вкусат барем некој мал дел од тешко достапните high-end височини. Да видиме дали звучниците Bowers&Wilkins DM603 S2 ги оправдаа тие очекувања.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.