Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Сметајќи дека во нив нема некои големи подобрувања, планирав да направам само краток осврт на освежената серија од пасивните звучнички системи од линијата „Ц”. Но, кога Теохаров ме запозна со некои конструктивни детали, падна договор за подолго слушно тестирање. По низа одлагања, едно утро на моја адреса пристигна пар звучници C Reference со кои поминав речиси цел месец. Па, еве ги впечатоците и резултатите од оваа дружба...
Во изминатиов период видов толку текст, фотографии и информации за Теохаров аудио, што навистина се борев со дилемата дали на читателите на Емитер им е потребен уште еден осврт на портфолиото на овaa нашa надежнa high-end аудио мануфактура.
Идејата беше да се направи осврт на технолошки освежената линија на звучници од топ-рангот на Теохаров, односно пасивните звучнички системи од линијата „C" (Ц). Неуморниот дух и инвентивност на одговорниот конструктор во Теохаров повторно го подигнаа и онака високиот критериум за квалитет на серијата Ц, а тој не штедејќи се, мошне живописно ми ги пренесе своите импресии за многубројните унапредувања направени со последната едиција на престижната серија која е составена од три модела, сите двосистемски, со една или две мид-бас единици и соодветна високотонска единица, сè од престижната серија Илуминатор на данскиот производител Scan Speak.
Навидум сè е како и претходно, но тука почнува да се расплетува приказната за унапредениот дизајн на свртниците и повисокото ниво на употребени делови во нив (Janzen Superior/Silver Z-Cap кондензатори, на пример), унапредени звучнички терминали, ексклузивен сет на елементи за декуплирање од подот од Viablue, повисоко ниво на завршна обработка итн... Аха... интересно, но не неочекувано, иновативно, ништо ново под сонцето, особено не од Веселин кој во секоја пригода не пропушта да нагласи дека врвниот квалитет и бескомпромисен дизајн на уредите е императив на Теохаров.
И тогаш, б-у-у-м: „... знаеш, кабинетот е асиметричен (за сите модели од серијата Ц) и нема ниту една паралелна страна, но во новата серија е направен од сендвич од три композитни материјали, односно соединет HDF и ORNAMAXTM со композитна фолија, внатре е матрична решетка. На тој начин резонантна фреквенција на кабинетот е околу 1 Hz...” Полека, полека...
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.