Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Според големиот број добиени резултати во институтите низ целиот свет, заклучено е дека човечкото око реагира многу повеќе на промената на интензитетот на светлината во однос на промената на бојата. Токму оваа особина е искористена при методите на компресирање на дигиталните видеосигнали. Постојат два основни метода за компресирање, а тоа се метод со контролирани загуби, односно компресиран сигнал со намалување на неговиот квалитет (Lossy Compression), и метод без загуби (Lossless Compression).
Во минатите броеви на ЕМИТЕР, каде што започна оваа тема, спомнавме дека колор видеосигналите се состојат од три засебни сигнали што носат информации за електронската слика. Исто така спомнавме дека при процесот на дигитализацијата кај сигналите, доколку сакаме да добиеме поголема автентичност на дигиталниот формат на сигналот во однос на неговиот аналоген оригинал, всушност треба да го зголемиме бројот на квантизациски нивоа. Но, на овој начин исто така ќе добиеме и поголем број податоци за напонските нивоа на сигналот. Разгледувајќи ги компонентите на колор видеосигналот, ќе констатираме дека напонските вредности на RGB-компонентите го одредуваат бројот на боите во електронската слика, односно го одредуваат и неговиот квалитет. Доколку бројот на напонските нивоа е поголем, дотолку електронската слика има поголем број бои во неа.
Се разбира дека при процесот на дигитализацијата и фреквенцијата на одбироците (Sampling Frequency) има влијание, но таа сепак може да биде детерминирана знаејќи ја максималната фреквенција на сигналот, која кај видеосигналите и нивните формати е веќе дефинирана. Со зголемувањето на квантизациските нивоа за да се подобри квалитетот на електронската презентација на видеосигналот, количеството на податоци значително ќе се зголемува, со што комплексноста за менаџирање на дигиталните видеосигнали станува уште потешка. Едно од решенијата што се јавува за надминување на оваа проблематика е компресијата на сигналите.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.