Рубрика: Аеронаутика
Ултралесен авион ФК12 Комет
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Купувањето авион звучи како чин на некој навистина богат човек. Но, фактите говорат поинаку. Денес за неколку илјади евра, за истата сума што би ја потрошиле за набавка на автомобил и тоа од средната или ниската класа, можете да набавите и ултралесен авион во кит-комплет. Сè што ви е потребно е малку повеќе желба, мотивација и, се разбира, пилотска дозвола за да уживате во новиот механички миленик. Во овој напис ви ја откриваме приказната за тоа како еден ваков ултра-лесен авион се најде во македонскиот регистар на воздухоплови и на битолскиот спортски аеродром.

Пред да опишам за каков авион станува збор, би ја повто­рил дефиницијата за ултралесни авиони. Ултралесен авион е ка­те­горија на водухоплов, кој го карактеризираат мала геомет­рија, мала маса на инсталирана сила на погонската група, ед­ноставни технички решенија, мала цена, едноставно ракува­ње и поширока достапност на повеќе вљубеници во воздухопловство.

Во неколку наврати пишував за желбите и реализацијата на тоа поле во нашата Република и, секако, посебно внимание ќе пос­ветам на ангажманот на ентузијазмот на Дејан Пелива­новски од Прилеп. Многу одамна, во списанието Емитер број 1/2006 напишав текст за неговиот ултралесен авион Маја. Оттогаш па до денес, Дејан веќе го оствари своето ветување дека ќе се посвети на ултралесните авиони и веќе успешно лета со третиот по ред авион од типот ФК 12 Комет.

Клучни зборови:
Дејан Пеливановски со својот ФК12 Комет

Дејан Пеливановски со својот ФК12 Комет 

ФК12 Комет во фаза на сервис и во лет

ФК12 Комет во фаза на сервис и во лет

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.