Рубрика: Макетарство и моделарство
Макетите на Аполо 11 – 50 години подоцна
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4-6/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Се навршуваат 50 години (од 20 јули 1969 година, до 20 јули 2019 година) од историскиот успех на човекот кој со својот мал чекор по површината на друго небеско тело, оствари огромен скок за човеш­твото во насока на освојување на Сончевиот систем! 50 години по­доцна, сè уште макетите на Мисијата Аполо 11 се во фокусот на љубителите на минијатурата, кои градејќи ги, го живеат сонот на Нил Армстронг, Едвин “Баз” Олдрин и Мајкл Колинс, првите луѓе кои чекореле по површината на единствениот природен Земјин сателит – Месечината!

По неколкугодишна пауза, повторно во нашиот стар добар Емитер ќе стар­туваме со написи од областа на маке­тар­ството, рубрика која беше запоста­вена во претходниот период, меѓутоа рубрика која сè уште побудува интерес и е неисцрпна тема на наслови кои го будат детскиот ентузијазам кај нас “по­воз­расните”! За почеток ја одбрав те­мата која некако самата се наметна, земајќи предвид дека се ближи историс­киот јубилеј – 50 години од првиот чекор на човекот по површината на Месечината – мисијата Аполо 11.

Оваа тема во времето кога практично се одвиваше настанот се наметна како предизвик кај производителите на макети... први да ланси­раат макета на комплетната мисија, со сите компоненти во размер прифатлив за сите воз­расти! Конститутивните делови кои доведоа до мисијата Аполо 11 веќе неколку години прет­ходно и беа познати на јавноста преку мисиите Гемини, кои беа врска меѓу мисиите Меркури и Аполо, мисија што требаше да го однесе човекот на Месечината! На тој начин, тогаш веќе поз­натите светски брендови во пластичното маке­тарство имаа можност да лансираат серијали на макети поврзани со мисиите кои доведоа до мисијата Аполо 11! Од таа причина, во оваа пригода ќе го издвојам германскиот бренд Ре­вел (Revell), кој како еден од комерцијално најексплоатираните и најдостапните произво­дители на макети на светскиот пазар, лансира­ше серијал на ре-едиција која во комплет ќе ја отслика мисијата Аполо 11 во минијатура!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.