Рубрика: Макетарство и моделарство
“Со малку труд многу радости” – книга за поддршка на креативноста
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 01.10.2018 - 13:15

Доколку сте љубители на моделарството и на техничките креативности, во периодите на одмор од компјутерите и училишните задачи, посветете се на сопствени креации на модели, авиони, едрилици, куќарки, дамски украси и низа други работи. Сето тоа, над 55 цртежи, планови и алатки презентирани во книгата, можат да се направат од “отпадни“ материјали коишто нема да го испразнат домашниот буџет.

Оваа книга е наменета особено за учениците од основните училишта, а е одобрена и од Министерството за образование на Република Македонија. Како таква, таа може да им биде и посебно помагало на учесниците за натпреварувачките смотри на млади техничари.  Оние коишто ќе ја вклучат книгата во својата библиотека, врз основа на презентираните нацрти и планови во неа можат да создаваат и сопствени “изуми“ коишто со малку труд ќе им донесат многу радост и лична сатисфакција.

Автор на книгата е Ѓорги Чачкиров, наставник по моделарство и добитник на голем број медали и пехари, особено на полето на воздухопловното и ракетното моделарство.

Книгата е достапна во е-продавницата на ЕМИТЕР, по цена од 150 денари, во две изданија – на македонски јазик (тука) и на албански јазик (тука).

Клучни зборови: