Емитер 1-3/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Гломазните фотоапарати со оледало (SLR – Sinle Lens Reflex) се норма кај професионалните фотоапарати, а и кај оние што сакаат да личат на нив. Но, напредокот на технологијата овозможи и апаратите без огледало (Mirrorless) да достигнат завидни резултати, па така на пазарот е сè поголема понудата на квалитетни Mirrorless фотоапарати. Уште и кога зад таков апарат стои некој голем бренд, можете да бидете сигурни во она што го добивате за своите пари.
Кога за првпат ќе го земеш фотоапаратот в рака, прво што забележуваш е дека е помал, што се должи на Mirrorless R системот, односно на отсуството на огледало кое го зголемува куќиштето како на претходните DSLR модели. Можеби нема огледало, но има 30,3 мегапиксели Full Frame CMOS сензор, што во превод значи слика од 36,0 x 24,0 mm или најдобриот што пазарот може да го понуди, вообичаено вградуван во поскапи фотоапарати.
По кратко читање на спецификациите и споредбата со ривалите на пазарот на на мирорлес камери, изгледаше дека нема ништо особено што би те натерало да ја купиш токму оваа камера. Споредбено, сите се исти. Но, откако ја расчепкав и си поиграв со камерата, заклучив дека суровите бројки не секогаш ја даваат вистинската слика за квалитетот на камерата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-3/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.