Омнибус

Sharp SM - SX100;
Denon DCD - 655;
Manley Laboratories stingray;
Palm Pilot V;
Sennheiser слушалки отворени од задната страна - HD490, HD570, HD500;
Philips ја опремува Турција;
Samsung - мобилен за на рака;
Нов модел на серијата Talk About на Motorola;
SJ Audio pca100/ppa100;
Tannoy mX3


Омнибус

Планирање на антенскиот систем;
Правила за дипломата "SSA 75";
Ексклузивни повикувачки знаци;
Правила за натпреварот "Japan international DX CW"


Аудио и видеотехника

Гитаристите имаа можност да го направат гитарскиот засилувач EGA 16 (проектот во ЕМИТЕР 3-4/96), но за потполно задоволство им недостасуваше адекватен звучник. Оние кои се обиделе да употребат обичен звучник, сигурно не биле воодушевени од звукот, но за тоа сигурно не е виновен засилувачот EGA 16. Препознатливиот звук на Marshall или Fender комбоата се резултат на специјалните гитарски звучници вградени во нив.


Аудио и видеотехника

Повозрасните сигурно се сеќаваат на не така дамнешните денови кога првпат се појави Soundblaster аудио картичката, која персоналниот компјутер го трансформира од професионално-работна, нема и глува нехумана машина, во привлечен високософистициран уред за сериозна работа, но и за забава, хоби и занимација.


Аудио и видеотехника

Во студиската практика се користат ленти за подесување на магнетофоните за да може сите машини да бидат израмнети по своите технички перформанси. Вообичаена е поделба на ленти за калибрација, тест ленти и референтни ленти.


Електроника

Покрај пасивните свртници кои се најшироко прифатени поради едноставната градба и релативно ниската цена, постојат и активни свртници кои по својата природа битно се разликуваат од пасивните.


Електроника

Човековото здравје во голема мерка зависи и од климатските услови. Воздухот што не опкружува со својот притисок, температура, влажност и загаденост биолошки дејствува на човечкиот организам. Спонтаните промени на тие фактори ги чувствуваме, помалку или повеќе, како пријатни или непријатни. На тоа чувство значајно влијание има и електрицитетот, односно концентрацијата на позитивни и негативни јони во атмосферата.


Електроника

При нагодувањето и тестирањето на радио предаватели, еден од неопходните прирачни алатки е вештачката или лажна антена. Недостатокот на ваква алатка во работилниците на радио конструкторите, често е причина за откажување од градба на едноставни и функционални радио уреди. Во овој број ќе прикажеме како на едноставен начин може да се изгради вештачка антена.


Електроника

Интегрираното коло SAA1057 во себе ги содржи сите потребни елементи за изведба на PLL коло (Phase Locked Loop – фазно врзана јамка), контрола потребна за секој современ радио приемник. Ова интегрирано коло може да се искористи за секаков вид на радио приемници од обични авто радио приемници па се до домашни HiFi уреди. Во продолжние ќе бидат дадени некои од можностите на ова интегрирано коло.


Електроника

Инструментите за испитување на транзисторите покрај универзалните инструменти се едни од неопходните во секоја сервисна работилница. Вакви инструменти денес сè почесто среќаваме во состав на постоечките универзални инструменти посебно дигиталните, какви што има доста на пазарот. Меѓутоа сите тие вршат испитување на транзисторите во статички режим на работа и притоа на дисплејот дирекно ја покажуваат големината на струјното засилување.


Аудио и видеотехника

Факт е дека покривањето на спортските натпревари во текот на двете последни децении постојано се надградува во својата комплексност, бидејќи радиодифузерите се натпреваруваат во изнаоѓањето на сè понови начини да се возбуди и да се привлече вниманието на сè попребирливиот гледачки аудиториум. За да се покрие нараснатиот број на оперативни зафати, неминовно расте бројот на луѓето што учествуваат во техничката изведба. Сите тие мораат да комуницираат меѓу себе, и тоа речиси секој со секого.


Електроника

Cигурен сум дека поголемиот број на читатели на Емитер кои се занимаваат со практична електроника, сè уште немаат изградено лабораториски насочувач со континуирана регулација на напонот и струјата поради недостаток на електронски компоненти кои поради својата специфичност тешко се набавуваат (проект на лабораториски насочувач “API-1” објавен во Емитер 7/8 од 1996, "фамозното" LM 10C), или недоволно практично искуство за изградба на релативно посложени насочувачи (Професионален насочувач “LPS-


Електроника

Редовните читатели на Емитер досега во повеќе наврати имаа можност да читаат за тоа како шумот во телекомуникациските уреди или засилувачите е крајно непожелен и штетен. Ова во потполност е точно, но научниците во раните деведесети години откриле дека во состојба на психичка замореност, слушањето на розов шум во голема мера го опушта и релаксира човечкиот организам.


Писма
Диоди во три соби
Промена на засилувањето
Несоодветни елементи во ESR метарот