Емитер 4/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Факт е дека покривањето на спортските натпревари во текот на двете последни децении постојано се надградува во својата комплексност, бидејќи радиодифузерите се натпреваруваат во изнаоѓањето на сè понови начини да се возбуди и да се привлече вниманието на сè попребирливиот гледачки аудиториум. За да се покрие нараснатиот број на оперативни зафати, неминовно расте бројот на луѓето што учествуваат во техничката изведба. Сите тие мораат да комуницираат меѓу себе, и тоа речиси секој со секого.
Првиот во живо пренесуван спортски настан го реализира компанијата NBC на 17 мај 1939, бејзбол натпревар помеѓу Колумбија и Принстон
Во тоа мноштво луѓе спаѓаат продуцентот, режисерот, асистентот на продуцентот, асистентот на режисерот, видео миксер, коментатор (со можеби некој соговорник, на пример, аналитичар на некои области од спортот), презентер, бројни камермани, тонски мајстор, негов(и) асистент(и), координатор, репортер(и), тонска контрола, видео контрола, одделение за магнетоскопи (VTR), одделение за графика итн. Сите тие треба да зборуваат меѓу себе во една мрежа со приоритети. Ако тонскиот зафат е посложен, на пример пренос од фудбалски натпревар во Dolby surround sound, се намножуваат потребите од дополнителни ефекти што треба да бидат снимени, а со тоа и бројот на извршителите; бројот на коментатори обично се зголемува на двајца (со слушалки и усни микрофони, обичен микрофон за интервју со репортер и камера, звучни ефекти од CD и мини диск, можеби мало студио со неколку микрофони, foldback звучници, телефонски приклучоци итн, итн.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.