Емитер 9-10/2016.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Нобеловата награда се доделува за животно дело, за одредено важно практично откритие или пак за исклучителен придонес во одредена област. Сепак, како и доделувањето на многу други награди за научни и општествени постигнувања, контроверзиите околу доделувањето на нобеловите награди се исто така присутни. Во овој прилог на ЕМИТЕР ќе откриеме некои контроверзни ситуации во кои одредени кандидати за Нобелова награда не биле избрани, или пак, каде што Нобеловата награда била прерано доделена.
* * *
На почетокот на дваесеттиот век, постоело позитивно јавно мнение дека иноваторите Никола Тесла и Томас Едисон ќе станат добитници на Нобелова награда за своите придонеси во користењето на еднонасочна и наизменична струја. На почетокот на ноември 1915 година, весникот “Ројтерс” од Лондон објавил шпекулации дека двајцата иноватори ќе ја добијат Нобеловата награда за физика за таа година. Истиот месец подоцна било објавено дека Вилијам Хенри Брег и Вилијам Лоренс Брег се всушност вистинските добитници на Нобеловата награда за физика за 1915 година.
Се верува дека ривалството меѓу Тесла и Едисон придонело за ниту еден од овие двајца инспиративни иноватори да не стане добитник на Нобелова награда. Гилермо Маркони во 1909 година ја добива Нобеловата награда за физика за придонес во радиотехниката...
* * *
Нобеловите награди претставуваат најпрестижни признанија во областа на природните науки и медицината. Во изминатиов век, неколку стотини елитни научници кои дале свој придонес во нашето современо разбирање на светот што нѐ опкружува и на технолошкиот развој, заслужно се наградени со вакво признание.
Како што видовме од претходните примери, постојат и одредени контроверзни случаи каде што наградата не е доделена под влијание на човечки фактор. Ваквите примери произлегуваат од големо ривалство, непризнавање на соработка, понизок академски или општествен статус, недоволна поткрепа за научно постигнување или прерана смрт на одреден потенцијален нобеловец.
Нобеловите комитети се свесни за одредени грешки во минатото, и во текот на минатиот век покажуваат некои подобрувања при селектирање на добитниците.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9-10/2016. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.