Рубрика: Омнибус
Во друштво на нобеловците во Лидау, Германија
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 24.03.2015 - 13:31

Секоја година во градот Линдау Германија се организира средба помеѓу нобеловци од одредена дисциплина и студенти или млади научници. Така, оваа година се оддржува 65-та Средба на Нобеловците од хемија, физика и медицина или физиологија со околу 650 млади научници од целиот свет. Средбата ќе трае од 28 јуни до 3 Јули.
На средбата која трае речиси една недела, нобеловците одржуваат предавања и работилници со младите научници со цел да ги подготват и насочат кон нови истражувачки предизвици. Во духот на мотото на средбите во Линдау (Едуцирај, инспирирај, поврзувај) нобеловците ќе ги претстават и своите преспективи за младите научници во контекст на споделување на личното знаење со општеството.
Оваа година нашиот соработник Александар Кондински е номиниран и избран за да ја посети овогодишната средба во Линдау. Александар во моментов ги изработува своите докторски студии по наномолекуларни науки на универзитетот Јакобс во Бремен (Германија) под менторство на професорот Томас Хејне. Александар е соработник на Емитер од 2013 година.
Емитер повеќе години во континуитет известува за настаните кои ги обележуваат доделувањата на нобеловите награди. Ова лето ќе имаме и екслузивната можност да ги пренесеме изворно перспективите на Нобеловците кон постојните и идните предизвици, како и генералните заклучоци од самата средба во Линдау со нашите читатели.

Клучни зборови: