Обвивките на зградите, фасадите, се предмет на постојано растечки барања, пред сè на потребата за што помали топлински загуби и штедење на енергија. Ова доведе, меѓу другото, до потреба на уште поголеми дебелини на изолацискиот материјал – до точка каде тоа, во извесни ситуации, почна да претставува и проблем. Тоа особено се однесува на одредени санациски постапки и рехабилитации на старите згради.