Омнибус

Нептун-внатрешна планета од 55 канкри;
Молекуларен торус во опкружување на црна дупка;
Земјата ноќе;
Сеат Алтеа ја "премина" линијата;
Авионска турбо-дизел револуција!?;
Воздухопловен куп Витачево 2004;
HP officejet 6110 или цело e кога има сè?;
Создаден првиот глушец без татко;
Ц4-ситроен од глава до петици;
Сони и Самсунг против Хитачи, Панасоник и Тошиба на пазарот на лцд екрани;
Двојната магла околу титан;


Автомобилска техника

Гумите се еден од најважните фактори кои учествуваат во дефинирањето на возните својства на автомобилот. Тие се изложени на различни временски и температурни услови (од екстремно ниски до екстремно високи температури), различни патишта и препреки, а треба да поднесат и различни стилови и навики на возачите.


Автомобилска техника

Поминаа 118 години од појавата на првиот автомобил на Карл Бенц - малку изминати години, а неверојатно брз развој на "неговото величество" - автомобилот. Првиот автомобил и денешниве автомобили речиси и немаат допирни точки. ќе се обидам накратко да ги прикажам најзначајните моменти од развојот на автомобилите од првите обиди, па се до денешни денови.


Аеронаутика

Оптимизирањето на ефективноста на воените авиони против сä поширокиот арсенал од напредни радарски системи, при поднослива деградација на борбените можности на воздухопловот, постигнато е низ интегрирање на современите интердисциплинарни технологии, со соодветна филозофија на размислување, истражување, проектирање и развој, како и оформена поддршка од неопходната логистика.


Астрономија и астронаутика

Вселената е полна со чудни небески тела: замислете си топка со пречник од 25 km, која се врти околу својата оска 30 пати во секунда и како морски светилник емитува радиоимпулси во вселената со голема фреквентна точност.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе бидеме сведоци на едно од најинтересните редовни астрономски случувања - затемнување на Месечината, кое ќе се случи вечерта меѓу 27 и 28 октомври. Скопското астрономско друштво ќе организира јавно набљудување од локација близу центарот на градот...


Астрономија и астронаутика

Низ целата историја на цивилизацијата постоеле луѓе кои можеле да ја согледаат суштината на светот многу подалеку од сопствениот двор, незаслепени од огромното богатство што го имале. Тие луѓе во времето на ренесансата биле познати како мецени, луѓе кои финансиски ги поддржувале уметниците и научниците. Без нив денес не би знаеле за Леонардо да Винчи, Микеланџело, Исак Њутн и многу други уметници, пронаоѓачи и научници.


Аудио и видеотехника

Познато е дека во акустички добра концертна сала добро ќе звучи и оркестар кој не може многу да се пофали со висока умешност на изведбата, додека, пак, оркестар што го краси перфекција во изведбата ќе звучи лошо во акустички лоша просторија.


Аудио и видеотехника

Проектот "Комплетен стереозасилувач со голема моќност" од ЕМИТЕР бр.7-8/04, за да биде навистина целосно комплетен, потребно е на неговите излези да бидат приклучени соодветни звучници кои ќе ги задоволат основните барања: Хај-Фај репродукција на аудиосигналот, квалитетна стереослика, голема чувствителност, добар однос цена/квалитет, како и добар дизајн.


Електроника

И на крајот ќе дојдеме до трите сигнали на основните бои: црвената, зелената и сината. Во обидот да го направиме тоа, потребен ни е носачот на боја, кој што треба да го регенерираме со берст сигналот, а R, G, B сигналите да ги засилиме до таа мерка, што ќе го осветлат екранот на кинескопот во прекрасниот спектар на боите.


Електроника

Денес, еден современ електромоторен погон не може да се замисли без уреди со кои би се вршела регулација на брзината на вградените мотори, а притоа загубите на електрична енергија да се што помали. Овие уреди, покрај регулација на брзината, треба да овозможат и соодветна заштита на моторот со што би се овозможила квалитетна и непрекината работа на погонот, а воедно ќе се продолжи и работниот век на моторот.


Електроника

Верувале или не во последно време е шик да се слуша радио на средни бранови. Благодарејќи на интегрираното коло ZN 416, наследникот на ZN 414, денес лесно може да се реализира среднобранов приемник со батериско напојување и минијатурни димензии.


Електроника

Сé почеста е замената на "bar graph led" индикаторите на моќност во НФ-засилувачите со езотерични индикатори со стрелка. Носталгија или желба за промена? А кога ќе се додаде и заднинското осветлување и живите бои, а сето тоа "оживува" во ритамот на музиката, станува уште попривлечно. Затоа во овој напис ви претставуваме аналоген нискофреквентен ват-метар кој може да се применува за мерење на излезната моќност на НФ-засилувачи со номинална синусна моќ од 3 до 200W.


Електроника

Идејата за изградба на мрежен волтметар од ваков вид ми се наметна од потребата за контрола на мрежниот напон, кој често варира особено во зимскиот период. Употребата на инструменти со скала од 0 до 250V не задоволуваат со својата точност заради неискористеноста на скалата во дијапазонот 0-210V. Околу 80% од мерниот дијапазон или околу 90° од расположивите 110° на мерната скала остануват скоро секогаш неискористени.


Електротехника

Добропознатите квалитети на алатите на реномираниот производител на електрични рачни алати Блек&Декер (Black&Decker), кај моделот HP12KD се надополнети со едно мало, ама многу полезно апаратче - детекторот на електрични и метални инсталации.


Информатика

По подолго време во нашата Редакција добивме три интересни скенери за тестирање, два скенери од познатиот светски производител EPSON и еден скенер од реномираниот светски производител HEWLETT PACKARD. Сите три скенери се столни скенери од А4 формат


Информатика

NetBus е еден од најкористените компјутерски тројанци. Во текстот што следува е опишана постара верзија од овој тројанец но суштината е иста, така што ќе можете да управувате и со поновите верзии, со што ќе имате можност за користење на некои додатоци. Главната цел на овој текст е да се запознаете со овој тип на тројанци и да научите како да го отстраните или да го користите во позитивна смисла.


Информатика

Од 21 до 25.09.2004 година, во Белград, Република Србија и Црна Гора, се одржа меѓународниот саем за компјутерска техника, информатика и нови медиуми, COMEXPO. Оваа саемска манифестација се одржа како дел од есенскиот циклус на саеми, при што овој циклус започна со пет специјализирани приредби (MEDIPHARM, Заштита и безбедност, BEPLAST, COMEXPO, MARKEXPO), од која секоја со свои специфичности но и со заеднички обележја.


Информатика

Надгледувањето и контролата врз вашиот оперативен систем е од витално значење за правилно, сигурно и оптимално работење. Секако, ова важи генерално за работа со кој било од оперативните системи. Но, доколку сме запознаени со фактот дека Линукс оперативниот систем е синоним за сигурност и стабилност, треба да вложиме малку труд тоа да остане така.


Информатика

Сигурно сте добиле на вашата е-меил адреса повеќе пораки за кои не знаете од кого се пратени. Тие пораки претставуваат спам. Спам претставува преплавување на Интернет со многу копии од една иста порака, со цел да им се прикаже на корисниците порака или реклама.


Медицина

Со овој напис за витаминот К (Филокинон) го завршуваме прегледот на групата на липосолубилни витамини (растворливи во масти), а од следниот број започнуваме со запознавање на хидросолубилните витамини (растворливи во вода), најпрво со витамините од групата Б.


Телекомуникации

Откако во ЕМИТЕР 7-8/04 ви претставивме седум "мобилки" од средната класа, сега одиме едно скалило повисоко и во овој напис даваме приказ на неколку мобилни телефони, кои во моментов можат да се наречат "крем" во ГСМ технологијата.


Физика

Во оваа статија направен е краток осврт за развојот на технологијата на апаратите со хетероспоеви од полуспроводни материјали. Од 50-те години од минатиот век па наваму кога е започнато производството на полуспроводни транзистори, секоја декада се карактеризира со за неа специфичен нов материјал и (или) технологија на производство и со давање придонес во напредокот на електронските и оптоелектронските апарати со полуспроводни материјали.


Архитектура и градежништво

Развојните процеси во производството на градежните материјали не ги заобиколиле материјалите за изработка на спортски терени, туку напротив денеска постојат низа современи материјали за изведба на спортски терени кои овозможуваат брза и квалитетна градба како и удобно и безбедно спортување на спортистите, почнувајќи од аматерите за кои спортот е рекреација, па до високите и скапи професионалци, кои бараат висок квалитет на подлогата врз која се одвиваат одредените спортови.


Електроника

Еден од подобрите диско ефекти секако е стробоскопот. Кога нешто се движи во темнината и повремено се осветлува се гледаат само секвенци од движењето на кое му недостасуваат деловите кои се во темнина. Ефектот е одличен но и заморувачки, па затоа се користи само кратко време и тоа од 5 до 10 секунди. При користењето на ефектот сите извори на светлина мора да бидат изгаснати, за да се добие максимално чувство од ефектот.


Писма
Појаснувања околу стереозасилувачот со голема моќност
Проблеми со стереозасилувачот од Емитер 7-8/04
Проблеми со дампирање на Транс 8
Како да го уништите сопствениот компјутер
Поддршка за Eмитер