AN7 е новото чедо на Абит, базирано на nForce 2 ultra чипсетот, што значи поддршка за 400 MHz-на магистрала (bus), двоканална (dual-channel) меморија и, секако, Socket A подножје во кој можете да вметнете некој Athlon XP процесор на AMD. Ќе си помислите: Ох, не, зарем повторно!?. Тоа што ја разликува оваа матична плоча од која било друга матична плоча на пазарот е µguru (микрогуру), новата иновација на Абит за оверклокување (over clock) на компонентите директно од Windows!