Омнибус

Филмувано спојувањето на две клетки;
Прстени околу Млечниот Пат;
Dodge Nitro - "експлозивниот" Американец;
Microsoft потврди дека "Windows 7" ќе биде претставен по три години;
Звучници со 12 лица и природен тон?!;
Нова серија дигитални фотоапарати од Самсунг;
Нова пештера на Марс;
Нови сериски процесори од AMD и Intel;
Opel GT - Опел, и тоа каков!;
Откриена водена пареа на екстрасоларна планета;
Nokia 6110 Navigator;


Автомобилска техника

Да се троши помалку, редуцирање на загадувањето на околината и колку е можно повеќе да се преминува на обновливи извори на енергија. Ова се трите најглавни цели и работи за кои најмногу се зброува во последните години. Една од добрите можности на тој план е и биодизелот, погонско гориво кое придонесува за развојот на секторот на обновлива енергија, а чие производство од неодамна е сериозно застапено и кај нас.


Автомобилска техника

Другарки и другари, дами и господа, пред нас е новото Фиќо, автомобилот кој ќе овозможи барем малку да се почувствува што претставувал тој некогаш за нашите дедовци и татковци! Само, потребно ќе биде малку трпение, затоа што првичните количини веќе се разграбани - најдобар показател дека Фиат погодил точно во центарот!


Аеронаутика

Повеќенаменското борбено летало Viggen е прво сериски произведувано млазно летало во светот кое е опремено со канарди, поточно тандем делта крила. Напредната аеродинамичка конструкција на Viggen го трасираше патот кој ќе биде следен од најновата генерација на повеќенаменски борбени авиони во светот.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следните два месеци на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на триаголникот меѓу Сатурн, Месечината и Регулус.


Астрономија и астронаутика

Еден од "бисерите" кои ги крие соѕвездието Девица е и галаксијата Сомбреро (M104). Таа е типичен претставник на добро оформена спирална галаксија со збиени и речиси затворени краци. Фотографијата која вселенскиот телескоп Хабл ја направи од оваа галаксија веќе е еден од најпрепознатливите "профили" на небото.


Астрономија и астронаутика

Пристигна најновиот модел вселенски костуми за сезона... хм, па да речеме за сите сезони. Кога ќе кажеме космонаут, веднаш сите ги замислуваме гломазните костуми, во кои секое движење на космонаутот бара напор и концентрација. Но, доколку тестирањата на иновативниот костум предложен од Дејва Њумен (Dava Newman), астронаутички инженер од МИТ, дадат позитивни резултати, тоа би можело и да се промени.


Аудио и видеотехника

Прецизна дефиниција што е видеосервер не може да се даде. Не постои општа спецификација за видеосервер. Разликата меѓу одделни модели е во капацитетот, бројот на каналите, коефициентот на компресија, степенот на пристап до складираните податоци, како и во инсталираната конфигурација, составите за едитирање, составите за автоматизација и др. Сите што знаат што е видеосервер се сложуваат дека тоа е еден од интелигентно дизајнираните уреди со повеќе можности и намени.


Аудио и видеотехника

Следејќи го континуирано напредокот и проширувањето на понудата на светските производители од разни области, Европската асоцијација за слика и звук EISA и овој пат ги додели признанијата за најдобри производи за 2007/2008 година.


Електроника

Во последно време, многу се зборува за штетноста на електромагнетните зрачења. Секако дека е присутна и појавата на разни направи коишто наводно имаат способност да ги неутрализираат штетните влијанија од истите. Имајќи ги предвид овие информации, сигурно сте се запрашале колкави се вредностите на тие електромагнетни зрачења? Одговор на ова прашање може да ви даде еден многу едноставен уред кој може да го измери електромагнетното поле што го создаваат разни електромагнетни извори.


Електроника

Во електронските шеми честопати покрај добро познатите ознаки на основните електронски елементи се појавуваат и симболи на посложени склопови. Интегрираните кола обично се претставуваат со правоаголник со означени пристапи во кој е впишана ознаката на колото. Всушност, секое интегрирано коло може да се претстави вака. Но, за да може од шемата да се согледа принципот на работа на склопот, некои интегрирани кола се претставуваат поинаку. Логичките кола се типичен пример.


Електротехника

Во ЕМИТЕР бр.2/07 ги анализиравме едни од најраспространетите светилки кај нас, светилките со метално влакно. Во овој текст сакам да посветам внимание на светилките кои светлинската енергија ја произведуваат со празнење низ гас. Како нивен претставник во овој текст ги одбрав флуоресцентните светилки. Според една реномирана компанија за производство на електрични светилки, 80% од вештачките извори на светлина во 1996 година припаѓаат на флуоресцентните светилки.


Информатика

Додека информатички развиените држави отидоа многу далеку во интернет-понудата за своите граѓани, нашата држава е сé уште со светлосни години назад. Кога последен пат, пред точно две години, малку ја начнав оваа тема, ми се чинеше дека во наредните години понудата на интернет-провајдерите ќе биде многу попривлечна и поразновидна.


Информатика

Дали некогаш сте посакале да имате своја веб-страница на интернет на којашто само вие би имале пристап или, пак, одреден круг на луге кои што вие ќе го изберете? Ова може лесно, едноставно и "евтино" да се реши со помош на JavaScript. Доколку сте љубител на WWW, тогаш написот што следува ќе ви помогне да ги проширите вашите знаења.


Информатика

Технологијата на изработка на хартијата и печатењето книги има 20-вековна историја. Но, информатиката и тука ги менува состојбите. На повидок е производство на "електронска хартија", која во комбинација со веќе присутното поставување на книгите на интернет, се заканува дека од корен ќе ги смени начинот на објавување и читање на книгите.


Информатика

Дружењето со мултифункциските уреди на HP продолжува со моделот Photosmart C 5280. Овојпат се работи за модел чија целна категорија се првенствено оние што ќе го користат во домашни услови.


Медицина

Една од најчестите болести кои предизвукуваат оштетување и губиток на видот е дегенеративното оштетување на ретината и макулата, за кое медицината малку што можеше да стори. Но, две групи научници нудат решение и за оваа болест. Едните изработиле минијатурен телескоп кој се имплантира во окото, а другите се обидуваат методот на регенерација на ретината, откриен кај рибите-зебри, да го применат и кај луѓето...


Телекомуникации

Иако е направен голем напредок во нивниот развој, сепак, мобилните телефони (се разбира, мислам на оние со вградена камера) сé уште не успеваат комплетно да ги истиснат од употреба дигиталните фотоапарати од пониската класа. Но, не верувам дека ќе треба да помине уште којзнае колку време за тоа да се случи.


Телекомуникации

Samsung Ultra Music F300 е уникатно стилизиран мобилен телефон со две лица. Едната страна на овој супертенок мобилен апарат е предвидена за користење на неговите телефонско-комуникативни можности, додека другата страна е намената за уживање во неговите забавни мултимедијални содржини. За комплетен впечаток тука е и елегантно стилизираната кожна футрола со дополнителна батерија.


Физика

Трка меѓу Европа и Америка за откривање на т.н. Хигсови бозони, честички носители на масата.


Физика

Дали гравитацијата е сила (Њутн) или геометрија на просторот (Ајнштајн)?


Фототехника

При своето прво појавување, SONY DSC-T100 веднаш беше забележан како модел со најголем дисплеј, што остана негова дистинктивна особина. И сé уште е многу мал бројот на модели кои можат да се пофалат со таа особина. Но, дека тоа не е единствената карактеристика на овој модел, уверете се во продолжението од текстот.


Макетарство и моделарство

Изработката на макети од хартија е наменета за помладите читатели, за забава и за запознавање со техниката. Хартијата лесно се сече, се свиткува и се лепи и е идеален материјал за изработка на макети. Ваква макета може да се изработи речиси на сé. Од најголема важност е изработката на прецизна скица, која мора целосно да се совпадне при составувањето. Со вметнување на сите детали и боење на скицата се добива убава макета, вистинска мала копија на оригиналот.


Електроника

Следењето на сателитските програми од повеќе сателити може да се реши или со поставување на повеќе LNB-а на сателитската антена или со поставување на сателитската антена на мотор, што дава можност истата да ротира, т.е. да може да се врти кон сателитската позиција на разни сателити. Корисниците на сателитски позиционери, често се среќаваат со проблемот на изместување на меморираната позиција на антената од онаа вистинската, што резултира со слаб или комплетно отсутен приемен сигнал. Во овој напис е претставено решение за прецизна контрола при позиционирање на сателитска антена кон кој било сателит наменет за следење на ТВ и радиопрограми.


Електроника

Детекторот за присуство или проџимитѕ детецтор, ја открива и сигнализира појавата на објект во движење на неколку метри во близина на сензорот. Замислен е како "тивок аларм" и неговата сигнализација за детекција на несакан објект се состои во активирање на светлосна сигнализација, без звучен аларм. Натрапникот кој навлегол во контролираното поле добива впечаток дека домаќините се разбудиле и ги вклучиле светилките во куќата.


Електроника

Како да го сочувате вашиот автомобил од кражба? Одговорот е: сопствениците на автомобили кои располагаат со доброосигурана гаража да го чуваат во истата, а сопствениците на "пес-чувар" да го чуваат песот во автомобилот. А оние кои не располагаат ни со едно ни со друго според народната: "Господ нека им е напомош"! Некој ќе каже, што ќе ми е автомобилот ако го чувам постојано во гаража?


Електроника

Температурата на телото за ладење во еден уред зависи од режимот на работа на уредот. Во голем број уреди телото за ладење не мора непрекинато да се лади, туку само повремено кога неговата температура ќе започне да расте над одредена вредност.


Информатика

Веруваме дека секој од вас дошол во ситуација да размислува за набавка на уште еден или, пак, поголем хард диск. Сте се решиле, сте го купиле, и сте се исправиле пред дилемата - како истиот да го инсталирате? Ништо полесно - следете ги упатствата во продолжение на текстов!


Писма
Нови звучници во стара кутија + мерење на моќност и импеданса на засилувач?
Антени и антенски кабли
Ефикасност на сончевите колектори од Емитер и еколошката куќа во Кадино