Рубрика: Автомобилска техника
Воздушно потпирање на автомобилите
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последниве години во понудата на луксузните автомобили и SUV возилата на познатите автомобилски брендови се појавија модели со воздушно потпирање, т.е. воздушна амортизација. Потребата за воздушна амортизација кај луксузните автомобили е, пред сè, овозможување на комотно и удобно патување, а по потреба, при премин во спортски режим, се задоволува и спортската страст на возачот со тврда амортизација и спуштен автомобил. Токму за воздушната амортизација кај автомобилите, ќе проговориме во текстот што следува.

Воздухот е гас и една од основните негови карактеристики е што е еластичен медиум (може да се компресира). Токму неговата еластичност е искористена да ја прими енергијата од вибра-циите кај автомобилите. Значи, наместо класична челична пружина имаме воздушна пружина. И друга многу важна особина на воздушната пружина е што нејзината карактеристика не е линеарна како кај челичните пружини, туку се работи за исклучителна нелинеарност, т.е. промената на силата од отклонот (поместувањето) е по законот на политропа (преведено во p-V дијаграмот). Ова својство е искористено за да се овозможи исклучително меко и удобно возење, за што повеќе ќе стане збор во последното поглавје.

Клучни зборови:

Задно потпирање на луксузен автомобил од фирмата “Мерцедес”.

Предно воздушно потпирање на каросеријата на Порше Панамера.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.