Рубрика: Медицина
Адаптогени – супербилки за заштита од стрес и за опоравување
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако на некој просечен човек му поставите прашање што се тоа адаптогени, многумина ќе ја препознаат смислата на нивното значење по самиот збор, но механизмите и вистинската природа на тие билки најверојатно нема да ја знаат. Тоа не е чудно, зашто поимот “адаптоген” се појавува дури во средината на 20-тиот век, додека поактивно во употреба е во последните 15 години. Како го штитат организмот од штетното дејство на стресот и како помагаат да се забрза опоравувањето од некоја болест, прочитајте во текстов.

Дефиницијата на зборот “адаптоген” подразбира неколку работи: • адаптогенот ја зголемува отпорноста на организмот на šширок спектар “непријателски” состојби во коишто спаѓаат физички, хемиски и биолошки при-чинители. • адаптогенот има улога на нормализирање на состојбите во организмот, односно елиминирање на нарушувањата предизвикани од стресни состојби и агенси. • адаптогенот не делува штетно на организмот ако се зема во пропишан облик и во пропишани дози, без разлика на тоа што делува на широк спектар нарушувања. Зад сите овие дефиниции стои група на билки која може да ја нормализира работата на организмот по стресни состојби или како превенција од такви состојби за да не дојде до тоа. Многумина мислат дека адаптогените се всушност стимуланси, иако тие делумно и се, на некој начин. Адаптогените по својот состав се разликуваат од класичните стимулативни супстанции, а главната разлика е во нивното делување. Постојат повеќе билки со својства на адаптогени кои официјално се признаени од страна на науката преку темелни истражувања и научни трудови.

Клучни зборови:

Стимулансите воглавно делуваат краткотрајно и брзо, но потоа се забележува нагло паѓање на потенцијалот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.