Рубрика: Аудио и видеотехника
Роботизиран систем на ТВ-камери (3)
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Роботизираните камери нудат нов и усовршен пристап во продукцијата на телевизиските содржини. Во претходните две продолженија се запознавме со основните роботски системи, со ТВ-камерите и со методите за нивна автоматизација. Во ова, последно, продолжение ќе ги разгледаме разните типови на роботизирани камери. како и нивната примена во виртуелните 3Д-студија.

Под поимот роботизирана камера подразбираме систем на камера која има автоматизиран процес на контрола на сликата и можност за автоматизиран процес на поставување кадар и движење во просторот по X, Y и Z-оските. Тоа значи дека систем од серво регулирани мотори освен што егзистираат во оптичкиот дел (објективот) на камерата, тие се поставени и на камерната глава, со што е овозможено нејзино автоматизирано движење. Денеска роботизираните камери може да се сретнат во повеќе изведби. Тие можат да се движат низ просторот доколку се поставени на систем кој ќе ја движи камерната глава, може да се ротираат по двете оски доколку се поставени на фиксна позиција и да се движат и ротираат на комплексен систем кој се наоѓа во даден простор. Забрзаниот развој на роботизираните камери во телевизиската продукција е поттикнат од спортските натпревари и од желбата да се создаде идеално телевизиско студио за вести, кое ќе биде подготвено за вклучување во прог-рама за многу кратко време и притоа ќе користи многу мал технички кадар што ќе го опслужува.

Клучни зборови:

Систем со кран-камера.

Целосно роботизиран тип на систем со кран-камера.

Камерна глава на SKYCAM со систем за стабилизација.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.