Емитер 3/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Светските резерви на нафта се при крај. Но и да не е така, со оглед на тоа што во моментов околу 90% од вкупните светски енергетски потреби за транспорт ги задоволуваме од нафтата (фосилните горива), јасно е дека загадувањето на природата од нив е на пат да го уништи животот на Земјата. Веќе подолго време се бараат нови извори на енергија. Еден од нив, особено применлив како погон за автомобилите, е и водородот. Водородот е исклучително чист енергенс, има голема специфична густина на енергија, многу е безбеден, а сето тоа собрано на едно место дава надеж и прави да се вложува за негово устоличување како примарно гориво. Токму затоа решив овој напис да го посветам на водородот како погонско гориво кај автомобилите.
Ќе се запознаеме со погонот на автомобилите кои користат водород како гориво. Најнапред ќе биде проговорено општо за водородот и ќе бидат презентирани најважните негови особини. Потоа, накратко ќе биде споменато складирањето на водородот кај автомобилите. Следува запознавање со моторите СВС, кои користат водород како гориво, и на крајот ќе бидат прокоментирани автомобилите со горивни ќелии на водород.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.