Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Црн екран, злокобна порака дека "виндоусот не може да се 'крене'"…и полна шака од вашата коса! А претстои куп работа, куп важни документи се на хард дискот … со еден збор – катастрофа! Но, дали е сепак сè така црно како екранот?
Верувам дека секој од нас се нашол во ваква ситуација, барем еднаш откако седнал пред компјутерот. Дали од неодамна или од пред 20 години е небитно – хаварија е хаварија, само обликот е различен. Додуша, од Windows XP па наваму тие се сè поретки. Стабилноста на оперативниот систем Windows е неспоредливо поголема од порано (иако не е идеална, да бидеме искрени), така што и хавариите се во далеку помал број.
Сепак, падот на оперативниот систем не е невозможна појава. Ниту е нешто на што треба да се чудиме. Причини за тоа може да има бааги – "bad" сектори на хард дискот, неисправна RAM меморија, прекин на струјата при работа, насилно исклучување на компјутерот, човечка глу… сакав да кажам, невнимание ☺ - само за набројување би ни требале неколку страници.
Без разлика на сценариото, падот на оперативниот систем нè кочи и нè прави дисфункционални. Преинсталација, губење податоци – тоа најчесто е "бонусот". Сепак, не е секогаш така црно како што ни се чини…
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.