Рубрика: Хемија
На границите на нанотехнологијата: самосклопување
Автор: Александар Кондински
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фабрикувањето материјали со нанодимензии (0,1 – 100 nm) и вградувањето одредени својства во нив, лежат во срцето на растечката нанонаука и нанотехнологија. Во овој текст ќе се обидам да ви доловам поглед на најниската скала на нанотехнологијата (т.е. 0,1 – 20 nm), која ги вклучува концептите на самосклопување, огромната варијација на биолошките и синтетичките системи што се познати досега, но и за идејата за создавање неоргански живот.

Нанотехнологијата е можеби една од најбрзо растечките научни дисциплини на денешнината. Уште од 80-тите години од минатиот век, нанотехнологијата почнала да се појавува и како популарна наука во научната фантастика (пример во филмовите "Ѕвездени патеки"). Иако напредна, нанотехнологијата денеска е многу далеку од научната фантастика, како и од видувањата на Ерик Дрекслер во неговата книга "Мотори на креацијата" (Engines of Creation). Сепак, уникатните идеи на нобеловецот Ричард Фејман во неговата лекција "Има премногу место на дното" (There is a plenty of room at the bottom) , денеска се веќе реализирани. Дното, односно долната граница на наноскалата допира до самите атоми, каде што одредена информација би можела да се запише врз секој атом поединечно. Манипулацијата на атомите на долната граница од наноскалата може да биде извондредно комплицирано, но, секако, и поедноставено со помош на хемиски методи од кои некои се познати веќе подолго време.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.