Емитер 1/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во второво продолжение од проектот за single-ended засилувач со PCL86 ќе употребиме негативна повратна врска за да добиеме драматично подобрување на перформансите: широк фреквенциски опсег и мали хармонички изобличувања. Притоа, се задржува милозвучната распределба на хармониците, својствена за добрите засилувачи со ламби – монотоно опаѓање на нивото на хармониците од вториот до шестиот и отсуство на повисоки хармоници.
Во минатиот број на ЕМИТЕР претставив едноставен single-ended засилувач со ламбата PCL86. Во реализацијата на засилувачот не беше употребена глобална негативна повратна врска, со цел да се добие максимално засилување – за да може на него да се приклучи ФМ тјунерот со ламбата ECC81 (проектот од ЕМИТЕР 10 и 11/2013), чиј излезен сигнал има релативно мал напон. Тие два уреда здружени заедно формираат едноставно и евтино "ретро" радио со само две ламби, а во план е изработка на дрвена кутија налик на старите радија, со што целосно ќе го заокружиме овој серијал за едноставни уреди со електронски цевки.
Оние кои имаат поголеми аспирации кон квалитетниот звук ќе мора да употребат глобална негативна повратна врска, што во нашиов случај ќе ја изведеме со само два дополнителни елемента – еден отпорник и еден кондензатор. Токму затоа се оставени оние две празни места што можат да се видат на плочката и монтажната шема објавени во минатиот број на ЕМИТЕР.
Конфигурација: Single-ended засилувач
Фреквенциски опсег: 20Hz - 23kHz (-3dB)
Излезна моќност: 1,2W / 4Ω (THD=3%)
Изобличувања: THD=0,9% (при Po=0,45W) - втор хармоник = - 42,2 dB (0,78%) - трет хармоник = - 62,2 dB (0,08%) - четврти хармоник = - 71,5 dB (0,026%)
Плочка: ППК1325
Електронска цевка: PCL86;
Излезен трансформатор: 10k : 4Ω
Потенциометар: 500k/log
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.