Емитер 1/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Способноста да кодирате компјутерски програми е дел од писменоста во денешното општество. Scratch е едукативен програмски јазик којшто ви овозможува да програмирате свои интерактивни приказни, игри и анимации. Дизајниран првенствено за деца на возраст меѓу 8 и 16 години, денес го користат луѓе од сите возрасти. Со помош на Scratch се учат важни стратегии за решавање проблеми, за дизајнирање на проекти и размена на идеи во големата заедница на луѓе кои го користат овај едноставен визуелен програмски јазик.
Поради својата едноставност, овој програмски јазик е првиот избор за сите оние што првпат се среќаваат со програмирањето. Некои факултети во светот го користат овој јазик во своите воведни предмети по програмирање со цел студентите полесно да навлезат во оваа област. Scratch е дизајниран да биде интерактивен, и програмирањето со него е речиси инстинктивно. Програмирањето се прави врз активни објекти, наречени sprites. Објектите можат да се цртаат директно во едноставниот уредувач кој е дел од Scratch, или да се вметнат од надворешни извори. Најновата бесплатна верзија на интернет е Scratch 2.0 и е достапна за Windows, Linux и за Mac OS X.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.