Рубрика: Информатика
Дали и по што ќе ја паметиме 2013-та?
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Релативно тивка година, во која доминираше експанзијата на таблет-системите и падот на нивните цени, но и уште по нешто.

Денешната ера е вистинска мобилна ера. Како што не можевме да го замислиме постоењето без старите добри PC, нешто подоцна и лаптоп компјутерите беа и општа и лична култура, така што сега тешко можеме да функционираме без, во најмала рака, паметен телефон и 3G-интернет, кој веќе е дел од претплатничките пакети. А сето тоа во годината што измина доживеа огромна експанзија.
Пад на цените на 3G-интернетот, зголемениот број мегабајти/гигабајти во осетно поевтинетите пакети, зголемената брзина (3G+ или HSPA, 42,2 Mb/s). Вистински бум на пазарот направија и евтините таблети, кои можат да се набават веќе за 60 евра. Во ред, говориме за "кинези", но популацијата на која и овие преевтини кинези им се сосема доволни е далеку побројна од оние другите, желни за финеси и бескомпромисни перформанси. А не смееме да го заборавиме ни економскиот момент. Ниските цени и сосема добрите перформанси на моделите како QUART, PRESTIGIO, AINOL, LDK и "компанија" ги натераа и елитните производители да стават прст на чело и да ги сведат цените во некои… ха, "нормални" рамки ;).
Радува уште еден момент – влегувањето на Intel и AMD на пазарот на паметни телефони и мобилните уреди. Во тој поглед ни претстои мошне интересна година. Борбата на двата гиганта на полето на процесорите, чипсетите и графичките процесори ќе се пренесе и на мобилното поле, каде што во старт имаат етаблирана, искусна и силна конкуренција во ARM архитектурата која ја применуваат Apple, Nvidia, Qualcomm, Samsung Electronics и Texas Instruments.
Паралелно со експанзијата на таблет-системите и усовршувањето на паметните телефони расте и бројот на Android и iOS апликации, дополнително пренесувајќи ни го PC-светот во мобилна верзија.
Во 2013-та година се "опаметија" и ТВ-уредите. Сè поголем е бројот на SMART модели кои во себе вклучуваат директен пристап кон најпопуларните интернет сервиси (Facebook, Skype, YouTube) и вграден прегледувач, мрежното поврзување не е ограничено само на LAN, тука се и WiFi и Bluetooth, DLNA сè повеќе е стандардна опција.
Така изгледа 2013-та година во куси црти. Но, пред конечниот заклучок, да погледнеме што е тоа што на одделни полиња ја одбележа 2013-та.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.