Најнапред една добра вест за сите iPhone корисници – во Apple се свесни за постоењето на овој баг и наводно веќе работат на негово отстранување. А сега да видиме што всушност се случува...
Дали станува збор за грешка или пак за подвиг на некој премногу ревносен програмер не би знаеле да кажеме, но она што го знаеме е дека при преземање на Apple Music докинг станицата на iPhone автоматски ја заменува Spotify апликацијата, но и другите апликации, во приклучокот за iPhone, независно од тоа дали имате потреба од неа или не.
Досега има голем број пријавени случаи, а проблемот со iOS 15.4.1 е лесно да се реплицира – кога ќе ја преземете апликацијата Apple Music на вашиот iPhone од онлајн продавницата App Store, тој автоматски ја заменува една од апликациите што се веќе на приклучок, тука вклучувајќи ги Spotify, Twitter и Safari. Проблемот за првпат бил забележан и пријавен од Кевин Арчер на Твитер, а се чини дека грешката првенствено ги таргетира музичките апликации од други компании.
Покрај ова има пријави дека Apple Music автоматски се поставува како примарна музичка апликација, но овој баг е малку тежок за реплицирање поради тоа пто Apple всушност и не им дозволува на корисниците рачно да ги избираат примарните (default) апликации. Всушност, личниот асистент Сири би требало да ве праша дали сакате да изберете примарна апликација при издавање на гласовна наредба за пуштање на некоја музичка нумера, но шансите за ова да се случи се навистина мали.
Како што веќе кажавме, од Apple известија дека се свесни за проблемот и дека веќе работата на негово отстранување, па сосема веројатно е да се работи за случајна софтверска грешка. Apple веќе има повеќе регулаторни спорови околу преференцијалниот третман на сопствените апликации, па некоја ваква намерна акција би ги поткопала темелите на аргументираната одбрана на App Store.
Грешката влијае само на поставувањето на апликацијата на докот, но не ги брише или не ги оневозможува други музички услуги на телефонот. Сепак, се рабпто за мошне чуден баг. Се очекува дека тој ќе биде отстранет веќе во iOS 15.5, ако не и уште порано, со ажурирање на iOS 15.4.2.