Рубрика: Автомобилска техника
Мало, многу сериозно и смело автомобилче
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Mалото автомобилче, службено наречено Mini hot rod, во моментов е хит во Германија – земјата на неговото потекло. Со смелоста, знаењето и вештите раце, двајцата браќа од Хамбург го направија прототипот во својата гаража. Осмислената маркетиншка активност резултираше со заинтересираност на туристички агенции и поединци што организираат туристички тури со ова возило во поголемите германски градови. Точно е, ова возило е регистрирано за движење по јавни патишта. Побарувачката резултирала со започнување на малосериско производство. Токму со ова симпатично автомобилче ќе се запознаеме во текстот што следува.

Нема што: уште една блескава победа на креативниот човечки дух. Мало автомобилче, без амортизација, со отворена каросерија и уредно регистрирано, редовно го возат поединци и организирани туристички групи во поголемите германски градови. Редовно мами воздишки и кај возачите и кај минувачите, редовно е фотографирано, и никој, ама баш никој не останал рамнодушен на неговата појава. Некои го нарекуваат када, други луто стапче, но тој едноставно е "Mini hot rod", што во слободен превод би значело малечок автомобил со јак мотор.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.