Емитер 12/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Додека ги читате овие редови, најавениот кинески лендер и роверот што тој го носи најверојатно веќе ќе пристигнат на Месечината и ќе ја започнат нивната истражувачка мисија. Планираната мисија Чанг'е 3 следи по низата триумфи кои ги бележи кинеската вселенска програма во изминатава деценија, а со неа Кина го докажува неоспорниот напредок на полето од вселенската технологија. Во овој напис ве информираме за составот и за планираниот тек на оваа вселенска мисија.
Претстојното спуштање на Месечината е најновиот чекор во речиси беспрекорната кинеска вселенска програма. Во изминатава деценија Кина континуирано работеше на своето присуство во космосот, лансираше луѓе во орбитата, изврши спојување на две летала во вселената, и иако ја изгуби својата прва и единствена сонда за Марс, има два лунарни орбитера коишто успешно ја извршуваат нивната задача. По ова, сосема логичен е и следниот чекор во кинеското "освојување" на Месечината.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.