Рубрика: Автомобилска техника
Чисти издувни гасови
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Последниве децении драстично е зголемен бројот на превозни средства. Како императив се наметна контролата на загадувањето предизвикано од нив, затоа што алармантно е вкупното загадување на светско ниво, а уделот во тоа од моторните возила е најголем. Законски со EURO – нормите е лимитирано нивото на штетните соединенија што моторите со внатрешно согорување може да го исфрлаат во атмосферата. Борбата за чисти издувни гасови е извонредно скапа, тешка и долготрајна. Целта на текстот што следува е да прикаже, во кратки црти, како производителите на автомобили се справуваат со проблемот за намалување на штетните компоненти од издувните гасови.

Депласирано е да коментирам и да објаснувам за важноста на чистите издувни гасови ослободени од моторните возила, особено денеска кога тие се основно средство за превоз и транспорт и кога при секое излегување од домот се бараат клучевите од автомобилот. Законска обврска е да сите произведени автомобили во Европа од 90 - тите години наваму, да имаат вградено каталитички конвертор (популарно попознат како катализатор). Меѓутоа, борбата да се дојде до чисти издувни гасови е многу покомплексна и се води паралелно на неколку фронтови.

Првиот фронт се рафинериите за гориво кои треба да испорачуваат квалитетно гориво до корисниците (без сулфур и оловни адитиви), потоа следуваат соодветни конструктивни решенија на моторот посебно во сферата на подобрување и оптимизирање на конфигурацијата на комората за согорување, и воопшто на неговиот менаџмент со цел да се добие што е можно поцелосно согорување на горивната смеша и помала потрошувачка на гориво, при што би се намалила масената количина на штетните компоненти од согорувањето. На крајот, исто толку се значајни зафатите во рамките на издувниот систем со вградување на катализатори и целата потребна инфраструктура за нивно непречено и продуктивно функционирање, при што се врши прочистување на издувните гасови.

И покрај сите овие зафати, во реалноста пречистувањето на издувните гасови не е целосно, а оние количини на штетни (непрочистени) продукти што ќе излезат од издувниот систем мора да се во дозволените законски норми. Во Европа денеска на сила се познатите EURO 4 норми. EURO 5 нормите ќе бидат два пати порестриктивни од EURO 4, а нивното воведување се очекува во 2009 година. Во текстов ќе се осврнам само на прочистувањето на издувните гасови кај бензинските мотори, со повремени напомени кои ќе се однесуваат за дизелските мотори.

Клучни зборови:

Како изгледа внатрешноста на керамички катализатор?

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.