Емитер 7-8/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој труд е опишано значењето на системите кои треба да имаат брз одѕив и краток преглед на PREEMPT функционалноста на оперативниот систем Linux. Примерите претставени во овој труд покажуваат како работи оперативниот систем PREEMPT_RT Linux и прикажуваат мерења за време на одѕив на реален систем при негова различна оптовареност.
Во светот на вградливите (embeded) технологии една од најважните функционалности кои се бараат од системите е брз и предвидлив одѕив на системот при влезни сигнали кои доаѓаат однадвор или од процесите кои се извршуваат на него. Терминот сигнал може да се однесува на напонско ниво, премин на напонското ниво, процесен сигнал разменет меѓу процеси и нишки во склоп на системот или друг вид информација која се разменува меѓу компонентите на системот, вклучувајќи хардверски и софтверски компоненти.
За да има брз одѕив на надворешните сигнали, прв предуслов е да постојат хардверски блокови кои ќе овозможат брз пренос на сигналите кон микропроцесорското јадро. Откако јадрото ќе биде "известено" за појавата на сигналот, тоа изведува низа активности кои зависат од хардверските поставки на системот, но и од програмата која го обработува влезниот сигнал.
За софтверските инженери, од голем интерес е ефикасната обработка на сигналот во функцијата која се извршува при појава на сигналот. Брзата обработка зависи од неколку фактори, но најмногу зависи од модулот кој ги распределува основните повици за прекин и одредува која софтверска функција треба да го обработи сигналот. Ова е особено важно кај системи каде што една хардверска линија на микроконтролерот добива сигнал за повеќе настани, при што треба да се одреди точно кој е изворот на сигналот. Овој систем на распределба најчесто се среќава кај системите каде што има комплексен блок за обработка на голем број сигнали кои потоа се мултиплексираат кон неколку линии што се проследуваат до микропроцесорското јадро (класичен пример е некое од постарите микропроцесорски јадра од ARM, како на пример: ARM7, ARM9, ARM11...). Откако микропроцесорското јадро ќе добие сигнал за прекин на една од неговите влезни линии, модулот за распределба на сигналите треба да одреди кој е изворот на сигналот и потоа да повика соодветна функција која ќе го обработи генерираниот сигнал.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.