Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во септември 2011 год. една меѓународна екипа од Женева објави резултати од еден свој експеримент од кој произлегува дека неутрината ја надминуваат брзината на светлината! Шокантен наод, кој ја соборува Ајнштајновата Теорија за релативитетот, па научниците организирале повторување на експериментот во поригорозни услови. Конечниот резултат гласи: "Неутрината не ја надминуваат брзината на светлината, туку претходниот наод беше поради грешка во мерењето".
Истражувајќи ја природата на субатомските елементарни честички, неутрината, една екипа физичари реализирале патување на тие честички од лабораторијата на ЦЕРН (CERN) – Европски центар за нуклеарни истражувања, лоциран близу Женева, Швајцарија – каде што тие биле продуцирани, и потоа патувале до подземната лабораторија во Гран Сасо (Gran Sasso), Италија, оддалечена 730 km од ЦЕРН. Експериментот е познат под насловот OPERA. Мерејќи ја брзината на движење на неутрината, истражувачите констатирале дека неутрината стасале во Гран Сасо со предност од 20 m пред фотоните, што значи дека тие ја надминале брзината на светлината за 7,4 km/s! Наодот беше објавен на прес-конференција на 23 септември 2011 год. Следејќи ја науката, ЕМИТЕР објави неколку написи во врска со тој наод.
Веста делуваше како удар на гром во современата физика, шокирајќи ја целата светска научна јавност, бидејќи, доколку наодот е точен, тоа би значело соборување на Ајнштајновата Теорија за релативитетот, еден од двата основни столба на кои се потпира современата физика (вториот столб е квантната физика). Сепак, мнозинството од физичарите-теоретичари беа скептични во поглед на точноста на наведениот наод, и него го припишувале на некоја неоткриена грешка во мерењата. Но, тоа требаше и да се докаже, па научниите се ангажирале да го повторат експериментот, овој пат во многу поригорозни услови, па така да донесат конечна "пресуда": или да ја потврдат, или да ја отфрлат констатацијата на екипата од мисијата ОПЕРА, според која "неутрината ја надминуваат брзината на светлината". Во повторните мерења беа ангажирани вкупно околу 80 научници од сите 6 континенти.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.