Емитер 4/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во галактичкото јато Абел 520 астрономите детектирале невообичаено поинаква концентрација на темната материја, спротивно од конвенционалното сфаќање за природата на таа материја. Дали со тоа се оспорува актуелната теорија за темната материја, или се работи за некој нејзин досега неоткриен феномен?
Универзумот е исполнет со галаксии, ѕвезди, разни други објекти, меѓугалактички гас..., но и со невидлива материја т.н. темна материја. Проучувајќи ја структурата на галактичките јата, астрономите наишле на едно галактичко јато со невообичаено поинаква концентрација на темната материја, спротивно од конвенционалното теоретско сфаќање за природата на таа материја, па теоретичарите имаат проблем како да го објаснат тоа. Тоа галактичко јато е Абел 520 (Abell 520), а невообичаено е тоа што концентрацијата на темната материја во него не се покажува според теоретските сфаќања поврзани со галаксиите во нивното најблиско опкружување, туку претежно далеку во меѓугалактичките простори, измешана со меѓугалактикиот гас, небаре таа е наполно издвоена од галаксиите!? За да го разбереме ова, објаснувањето ќе го започнеме со конвенционалното сфаќање за природата на темната материја.
Во списанието на стр. 13, заради техничка грешка сликите 2 и 3 ги заменија местата, додека нивните коментари останаа на своето место. Ова значи дека на стр.13 долната слика треба да е горе како слика 2, а горната да биде долу како слика 3.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.