Емитер 3/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кампања бројот "пи" да се замени со "тау"; Телевизор од стакло; Мапа на гравитациското поле на месечевата површина; Дали овошјето и зеленчукот предизвикуваат камења во бубрегот?; Простувањето го чува здравјето; Хексагон над сатурновиот северен пол; "Зелено" антикорозивно средство од урми; USB микрофон Samson Meteor; Чип под кожа за анализа на крв; Конечно потврда за хигсовиот бозон; Вулкански молњи; Тардигрејд; Pico flex dolly kit; "планк" испрати прва своја мапа на космичката заднинска радијација; Батерии кои траат петпати подолго; "Најдобар млад научник" за 2012 година за м-р Катерина Бачева;
Кампања бројот "пи" да се замени со "тау"
ројот "пи" долго време е сметан за најважниот број во математиката и во некои други науки, но сега математичарите сугерираат дека "пи" можеби го поминал своето време и треба да замине во пензија! Експертите сметаат дека бројот пи (π) – константата која упатува на односот на обемот од кругот со неговиот дијаметар е погрешен и несоодветен и треба да се замени со алтернативна вредност. Тие како негова замена го предлагаат бројот тау (τ), со кој би се поедноставиле работите во математиката, но и пошироко. Тие тргнуваат од тврдењето дека вредноста на пи, која изнесува 3,14159265, е неточна и дека тоа е погрешна математичка величина.
Како што е познато пи се поврзува со карактеристиките на кругот и неговиот радиус за да се пресмета неговиот обем и површина. Иако пи долго време е гледан како најбитна величина за многу математички формули и равенки во науката и инженерството кои не можат да се замислат без него, математичките експерти кои ја започнуваат кампањата за негова смена велат дека тој не е најприродниот број кој треба да се поврзува со круг. Соодветниот број е Тау, објаснуваат од факултетот за математика на Универзитетот Лидс.
– Не се мерат агли во степени, туку во радијани, а во кругот има 2пи радијани, така што постоењето на бројот пи води до непотребни забуни. Исто така, пи не доаѓа како природна и соодветна величина, туку напротив, и треба да се замени со друга посоодветна, – вели д-р. Хјустон.
Како последица на овие тврдења, се води и кампања за обновување и измена на училишните учебници и замена на бројот пи со бројот тау. Инаку, за оние кои не знаат, Тау има двојна вредност од пи и изнесува околу 6,28. Исто така, се предлага 28 јуни да биде ден на тау. Инаку, пи го добил своето име во 1706 од математичарот Вилијам Џонс (William Jones), а се верува дека старите Египќани и Вавилонци користеле број кој имал приближна вредност со бројот пи. Што ќе се случи, ќе видиме! Ако ова се случи, постои можност да настане хаос, предупредуваат некои скептици, а и колку работа треба да се сработи ако дојде до оваа замена, мислам дека никој не може да претпостави! Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.