Рубрика: Астрономија и астронаутика
Спектрограм на егзопланета од нејзиното сопствено зрачење
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Еве уште една "премиера", која ќе влезе во аналите на астрофизиката: за прв пат една истражувачка екипа астрофизичари извршила спектрална анализа на егзопланета "директно" од нејзината сопствена радијација во инфрацрвено подрачје. До сега, за истата таа цел истражувачите употребувале "индиректна" метода: го анализирале светлинското зрачење од ѕвездата, кога тоа поминува низ атмосферата на егзопланетата.

Спектралната анализа на зрачењето, кое доаѓа од некоја егзопланета е единствениот извор за откривање на хемиската структура на атмосферата на таа планета. За таа цел, до сега, на истражувачите им стоела на располагање само индиректната метода, која се состои во тоа, да се "лови" светлината од ѕвездата кога таа (светлината) поминува низ атмосферата на егзопланетата. При тоа светлината се филтрира, губејќи некои компоненти од својот спектар, па од таму се изведуваат податоци за хемискиот состав на атмосферата на таа егзопланета. Слабост на оваа метода е што таа во голема мера го ограничува бројот на кандидатите, бидејќи е применлива само на екстрапланетски системи, чии орбити се во иста рамнина со нашата Земја, но такви состави се многу ретки, само 1% од сите постоечки состави! Освен тоа, треба и да се чека долго време егзопланетата да транзитира пред својата матична ѕвезда, а тоа се случува само еднаш во време на една цела револуција (обиколка) на планетата околу матичната ѕвезда. Но, еве, во најново време една млада екипа истражувачи под раководство на Маркус Јансон (Markus Janson) од Универзитетот во Торонто, за прв пат успеала да направи спектрограм на егзопланета користејќи го инфрацрвеното зрачењето кое потекнува директно од самата планета.

Клучни зборови:

Панорама на астрономскиот комплекс VLTI-модерен телескопски систем од кој астрономите веќе 2 пати бележат астрономски 'премиери'.

До спектрограмот на планетата HR 8799c 'директно' се стига со сепарација на спектарот на планетата од спектарот на ѕвездата (бела боја)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.