Емитер 2/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ненадеен прекин на електричното напојување во ноќно време може да предизвика несакани проблеми во некој случај, доколку веднаш не се активира некое резервно осветлување. Решавањето на тој проблем ви го предлагаме во овој напис: самоградба на електронски склоп за автоматско вклучување резервно осветлување со LED-диоди, напојувани од една обновлива NiCd батерија од 9V. Склопот може да се употреби и за друга намена, како акустички алармен уред за сигнализација на прекин во електричното напојување од дистрибутивната мрежа.
Замислете дека доцна ноќе треба да завршите некоја итна работа, но, поради некоја причина има прекин во напојувањето со електричната енергија и вие останувате во темнина! Но место за паника нема доколку претходно сте го изградиле склопот што ви го предлагаме во овој напис. Тој автоматски ќе вклучи резервно светло од LED-диоди напојувани од обновлива NiCd батерија. Склопот во себе содржи и зујалка (buzzer), која акустички го сигнализира отсуството на електрично напојување од мрежата, па во одреден случај може корисно да се употреби и како алармен уред. На пример, вие сте го нагодиле вашиот радио-часовник да ве разбуди од сон во некое одредено време, но додека сте спиеле, се случил прекин на напојувањето од електричната дистрибутивна мрежа, а со тоа вашиот радио-часовник бил ресетиран, т.е. била избришана информацијата кога тој треба да се активира за да ве разбуди! Така, вие можете да се успиете и да задоцните на некој можеби важен настан. Но ако сте го изградиле предложениот склоп, тој го решава и тој проблем: при прекин на напојувањето од мрежа, го активира звучниот сигнал кој ќе ве разбуди, така што ќе можете да преземете некои други мерки за навремено будење. Склопот може да се употреби и само како автоматски преклопник за вклучување резервно светло, доколку зујалката трајно се откачи од употреба.
ИК: CD4027;
Бели LED;
Релеј за 12V
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.