Рубрика: Астрономија и астронаутика
Вода во небула во која започнува формирање нова ѕвезда
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Орбиталната опсерваторија Хершел (Herschel) на ESA за првпат откри молекули на водена пареа во космички облак (небула), во кој тукушто започна формирањето нова ѕвезда, можеби слична на нашето Сонце.

Ѕвездите започнуваат да се формираат во студени, темни космички облаци составени од гас и прашина, кои ги содржат сите состојки за креација на нова ѕвезда и планетарен систем околу неа. Водата, неопходниот елемент за живот каков што ние го познаваме на Земјата, беше уште претходно детектирана надвор од нашиот Сончев систем, на периферијата на некои космички облаци (небули) со протоѕвезда во фаза на формирање во нивното средиште. Меѓутоа, детектираната вода притоа беше исклучиво во замрзната состојба, во вид на мали прашински гранули од мраз, опкружени со гас, и тоа во космички облаци во кои процесот на формирање нова ѕвезда веќе е навлезен во "активна" фаза. За разлика од тоа, најновата опсервација за прв пат откри водена пареа со молекуларен облик во космички облак (небула) во кој процесот на формирање нова ѕвезда е на самиот почеток, а не е во тек, како во претходните случаи.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.