Емитер 12/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Колку е моќен вашиот телефон? Пред само една деценија ова прашање ќе беше бесмислено, но како што сè повеќе расте нашата зависност од таблетите и од паметните телефони во секојдевниот живот, така сè повеќе има смисла обрнувањето внимание при нивниот избор. Повеќето од современите уреди од овој тип достапни на пазарот доаѓаат со горе-долу сличен дисплеј и сите имаат сличен изглед, налик на чоколадна штангла :-). Како последица на ова, клучна работа според која се разликуваат се нивните перформанси.
За жал, повеќето од корисниците на мобилни уреди паѓаат на истиот "трик" на кој до пред некоја година наседнуваа корисниците на десктоп PC-а. Ги гледаат спецификацииите, забележуваат дека процесорот од паметниот телефон има повисок работен такт или, пак, има повеќе јадра и веднаш претпоставуваат дека уредот работи побрзо од уредот кој навидум нуди полоши спецификации. Се чини дека митот за мегахерците, кој во компјутерската техниката беше присутен во деведесеттите години на минатиот век, повторно се враќа за да го збуни купувачот во сосема нов сегмент од техничкиот пазар.
Стандардниот SoC (system on chip), кој се наоѓа во срцето на современите паметни телефони, се развива со голема брзина. Уредите кои биле произведени само пред неколку месеци може да имаат ист број процесорски јадра и работен такт на иста работна фреквенција како и некои од најновите уреди, но поради нивната внатрешна структура тие може да бидат многу понеефикасни. Исто така, два уреда со потполно исти SoC може да бидат опремени со два различни графички процесори и системи, да располагаат со различен мемориски простор и, конечно, да работат под сосема различен оперативен систем. Токму овие скриени променливи карактеристики не се наведени во списокот на спецификации од листите на продавачите. Како и кај десктоп и лаптоп-конфигурациите, вистинските перформанси на паметните уреди и таблетите најлесно се откриваат преку тестирање.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.