Рубрика: Аеронаутика
Фиксното крило го возвраќа ударот (2): Aвиони од IV и V генерација ловци
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Наспроти евидентните тешкотии од конструктивен, производствен и експлоатациски аспект, крилото со променлив агол на стрелата наназад било компромисно решение за аеродинамиката на авионот во подзвучна, низзвучна и надзвучна област на брзините. Во еден период на развојот на воздухопловството се чинело дека овој концепт ќе има подолготрајна перспектива. Во тој период се направени познатите авиони, како: МиГ-23, Су-24, F-14 Tomcat, Tornado итн. За жал (или за среќа?), современите крила на ловците од IV и V генерација ја демантирале оваа претпоставка. Овие авиони поседуваат фиксно хибридно крило, со интегрално оптимизирана вкупна конфигурација на авионот и се користат во сите области на брзини на летањето – таканареченото трисонично крило.

Заштедата во масата и полесното одржување се едни од важните причини за напуштање на крилото со променлива стрела. Тоа стана можно откако беше откриено дека со промена на напречниот профил на крилото може да се добие сето она што пред тоа се добивало со поместување на целото крило.
Комплицираната и тешка конструкција на механизмот за промена на аголот на стрелата на крилото била заменета со низа конструктивни и технолошки подобрувања: стрејкови, вортекс контролори, канар-конфигурација, паѓачки нападни и излезни рабови на крилата, дигитални компјутеризирани команди на летањето (FBW, FBO), вештачка стабилност, масовна примена на нови материјали и технологија за нивно обликување и составување, и најпосле, но не и на последно место, напредок во теоретската и во експерименталната аеродинамика.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.