Рубрика: Електроника
Регулатори нa напон за автомобил (2)
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со развојот на електрониката, кога голем број уреди во автомобилот се заменети со електронски како мерачи на бројот на вртежи, брзинометарот, а да не зборуваме за воведувањето на GPS-навигацијата. Заменети се и електромеханичките регулатори на напон со електронски. Предностите кои ги нудат електронските регулатори се предуслов за нивната импликација во сите нови моторни возила, како и нивна замена со уреди "од нашата работилница", ако поседуваме постаро возило.

Механичките регулатори на напон, исто како и динамо генераторите се исфрлаат од употреба, заменувајќи се со електронски регулатори и алтернатори. Недостатоците се очигледни: физичката големина, големиот број механички компоненти, потребата од повремени нагодувања на прагот на исклучување на возбудата и големината на хистерезата, трошењето и замастувањето на контактната површина на перцата за контакт, несигурноста во работата, зголеменото ожичување поради дислоцираност на регулаторот вон алтернаторот, поголемата цена на производство и осетливоста кон механички вибрации.
Електронските регулатори на напон се минијатурни, херметички затворени, лоцирани во интегрална целина со алтернаторот, еднаш фабрички се нагодени и не се потребни нагодувања во текот на експлоатацијата, имаат поголем век и се посигурни во работата. Кога треба, се заменуваат брзо и лесно, а цената им е пониска. Во овој напис се прикажани 3 конструкции на електронски регулатори: напонски регулатор со транзистори, струјно-напонски регулатор за алтернатор и регулатор со променлива хистереза на напонот .

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1213
Печатена плочка: ППК1214
Печатена плочка: ППК1215

Транзистори: BDX54C, BDX53C, BC161;
ИК: NE555

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.