Рубрика: Автомобилска техника
Сигурносни појаси
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Врзувањето со сигурносни појаси додека се возиме со автомобилот е најголемиот заштитник на нашиот живот при евентуален судар – доколку нештата при возењето тргнат во непосакуван правец шансите да спасиме глава се поголеми за повеќе од 50%. Совесен учесник во сообраќајот се врзува со сигурносниот појас при секое седнување во автомобилот. Сепак, совесните, несовесните, оние што знаат и оние што сакаат да научат, во текстов кој следи ќе најдат образложение зошто е потребно, секогаш, без исклучок, да се врзуваме со сигурносни појаси кога се возиме со автомобил.

Да замислиме дека автомобил вози со константна брзина. Наидува на препрека која може да биде дрво, масивен бетонски браник или некој друг автомобил. Настанува директен челен судар. Доколку сударот го расчлениме на неколку логични, последователни случувања ќе дојдеме до следниов резултат. Од моментот на ударот на автомобилот во препреката неговата брзина почнува нагло да се намалува. Истовремено, патниците и сите предмети коишто се слободни (неврзани), во автомобилот, продолжуваат да се движат напред со истата брзина со која си се движеле (закон на инерција). По околу една десеттинка од секундата, автомобилот престанува со своето движење и преминува во состојба на мирување (за него ударот завршил со подносливо забавување). Патниците и сите останати неврзани предмети силно удираат во најблиската препрека од внатрешноста на возилото и нагло застануваат со своето движење. Ова нагло запирање на движењето се вика удар кој е многу силен и често е со смртоносни последици за патниците. И тука има уште еден извонредно значаен момент: забавувањето на неврзаните патници е неколкукратно поголемо отколку забавувањето на автомобилот. Практично тоа, значи дека ударот со кој ќе се задобијат неврзаните патници е неколкукратно поголем од оној удар на кој е изложен автомобилот. Ова е многу значаен момент на кој подоцна повторно ќе се осврнеме.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.