Рубрика: Електроника
Проект: Детектор за откривање на ладни лемови
Автори: Петар Аврамовски, Александар Арсов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5-6/1996.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Еден од најголемите проблеми при сервисирање на електронските уреди претставуваат непостојаните, периодични дефекти најчесто предизвикани од 'ладни лемови'. Уредот кој би ги лоцирал грешките кои настанале во тек на лемењето или во тек на експлоатацијата на уредот, треба да ја мери отпорноста помеѓу елементот и бакарната фолија, и соодветно, во случајов акустички, да ја индицира. Проектот опишан во овој напис ги задоволува сите овие услови... 

Непогодноста на постоечките мерни инструменти е во тоа што на испитните краеви имаат напон до 3 волти и струја од 100 mA, што може да го оштети испитуваниот електронски круг. Втора непогодност е влијанието на отпорот на околните елементи во вкупно измерениот отпор, поради што тој ќе биде лажно помал. 

Овој детектор за ладни лемови на испитните шилци има испитен напон од само 20mA, со импозантно мала струја на мерење од 200 микроампери. Овие ниски струи и напони никако неможат да го оштетат испитуваното коло, а нискиот напон неможе да ги "отвори" околните PN споеви кои би го промениле испитуваниот отпор. Вака малите струи и напони за испитување потрено е силно да се засилат за да можат да го побудат астабилниот мултивибратор реализиран со колото NE 555. Активирањето на мултивибраторот овозможува звучна сигнализација на отпор од 1ом што значи практично непостоење на ладниот лем, т.е. постоење на квалитетен лем.

Уредот е подолго време во експлоатација и успешно ги открива ладните лемови. Изградете го и уверете се во тоа.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/1996. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.