Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Централната молекуларна зона на нашата галаксија;
Полнач што работи на вода;
Рекорден пораст на радиоаматерската популација во САД;
All-in-One компјутерите на HP најголеми дебитанти на CES;
Учење преку игра;
Алуминиум загреан на 2 милиони степени целзиусови!;
Златни и сребрени наномеурчиња;
Утринската цигара е најопасна;
Даниел Димовски – најдобриот млад мерцедес дизајнер од Македонија;
Мажите и жените различно се однесуваат кога се депресивни;
Најмало USB стикче;
Нов научнофантастичен роман од Стојмир Симјаноски;
Скенирање во 3-D со HP TopShot LaserJet Pro M275;
Маглината вештерска глава;
Збогум за рачниот менувач!;
Наскоро резултати од конкурсот "Најмлад научник за 2011 година";
Мобилните телефони не предизвикуваат рак;
Доаѓа матријархат;
Интел заедно со Orange, Lava, ZTE и Visa најавуваат нови системи за смарт-телефони

Рекорден пораст на радиоаматерската популација во САД
За прв пат во САД бројот на лиценцираните радиоаматери надмина 700 илјади. Ова претставува пораст за 145 проценти во споредба со бројот на радиоаматерите во 1971 година. Во последните 20 години бројот на радиоаматерската популација во САД се зголемила за 200 илјади. Мал пад бил забележан во периодот од 2003 до 2007 година. Во споредба со 80-тите години од минатиот век, кога во САД, неделно, во просек по 55 лица полагале радиоаматерски операторски испит, сега тој број нараснал за трипати, и изнесувал 150. Сето ова укажува на фактот дека не биле оправдани стравувањата дека новата интернет и мобилна телефонска технологија, на глобално ниво, драстично ќе го намали бројот на радиоаматерите. Радиоаматеризмот е хоби кое настанало пред повеќе од еден век. Тајната на неговото опстојување е во тоа што, со текот на времето, технологијата се менувала, но неговата суштина останала иста.
Владимир Ковачески, Z35M

Нов научнофантастичен роман од Стојмир Симјаноски
Стојмир Симјаноски добро им е познат на читателите на ЕМИТЕР, како еден од двајцата автори (и опоненти) на динамичните серии-фељтони "Мистеријата наречена НЛО" и "Мистериите на науката", објавувани во ЕМИТЕР во текот на пет години, од 2007 па заклучно со 2011 година. Она што веројатно помал број читатели го знаат, е тоа што Стојмир Симјаноски (1937 г., Кичево) е плоден писател со повеќе од 15 книги, од кои 4 научнофантастични романи. Најновиот, петти научнофантастичен роман, "Бојата на времето", е заокружување на неговиот опус од овој атрактивен жанр и претставува драгоцен придонес за македонската литература.
Книгите од научнофантастичниот жанр во Македонија се вистинска реткост, особено од македонски автори. Всушност, во угледната "Енциклопедија на научната фантастика" од д-р Зоран Живковиќ, наведени се само тројца писатели на научна фантастика од Македонија: академик Владо Урошевиќ, д-р Ферид Мухиќ и Стојмир Симјаноски. Навистина е чест да се биде во такво друштво.
Во романот "Боја на времето" авторот Стојмир Симјаноски со цврста рака вткајува комплексна синтеза на имагинарни и реални ликови од минатото и сегашноста, водени низ особено долга временска нишка на настаните, со невообичаено широк опфат и поврзаност на, навидум, неспоиви случки. Таа успешно разработена концепција се должи на големото животно и писателско искуство на авторот, потпомогната од неговиот интерес за научното и мистичното, и се разбира, од неговата имагинација способна да сочини еден цел нов свет, приемчив за читателот. Широкиот дијапазон на дејствија го прави тешко одредувањето на категоријата на романот - испреплетени се hard-core научна фантастика, неизвесна авантура, опасна акција и длабока љубов. Токму таа длабока љубов е клучниот фактор кој буквално ја спасува целата планета Земја од уништување. Но да не ги откриваме деталите од романот, доволно е да се каже дека читателот ќе биде вовлечен во серија на настани кои се нижат во долга временска линија почнувајќи од Александар Македонски и се протегаат до денешен ден, со флуидно спојување на многубројни латерално оддалечени појави и настани.
Романот "Бојата на времето" е во издание на "Македоника литера" и веќе може да се најде во книжарниците.
Владимир Филевски

Во очекување на резултатите од конкурсот "Најмлад Научник за 2011 година"
Како што веќе објавивме во минатиот број конкурсот за избор на Најмлад научник за 2011 година, и оваа година како и претходната беше отворен заклучно со 31 декември 2011 година. Според информациите кои ги добивме, пријавите за овогодишното признание пристигнувале во текот на целиот месец декември, што укажува на интересот на кандидатите и младите научници за аплицирање за ова престижно признание кое го доделува Н.Е. Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.
На овогодишниот конкурс се пријавиле 22 кандидати кои во целост ги исполнуваат условите на конкурсот. Ова значи дека споредено со минатата година, интересот оваа година е зголемен, па така пријавени биле речиси 35% повеќе кандидати во однос на минатата година.
Пријавените кандидати се од повеќе научни области: природнонаучните области, општествените, медицината, информатичко-комуникациските науки, машинската, технолошката, фармацевтската, како и од областа на кинематографијата и 3Д-визуелизацијата.
Сето ова говори дека научната мисла во Република Македонија, како и интересот на младите во Р. Македонија за негување и развој на науката е на релативно високо ниво. Истовремено, може да се потенцира и дека интересот на младите за егзактните науки е голем, што е од особена важност и за привлекување на странски инвестиции во Македонија, особено во делот на компаниите кои применуваат високоразвиени технологии и кои бараат висококвалификуван стручен, но и научен кадар за работа во своите производни капацитети.
Комисијата која ќе одлучува за доделувањето на признанието Најмлад научник за 2011 година ја сочинуваат 15 члена, преставници на јавните и приватните универзитети во Република Македонија, стопанските комори, МАНУ, Агенцијата за патенти.
Процедурата за избор е веќе започната, а одборот заедно со повеќе научни дејци од Република Македонија го отпочнаа процесот на рецензирање на пристигнатите апликации, па така се очекува целиот процес да заврши додека ги читате овие редови.
Н. Стојановска

Интел заедно со Orange, Lava, ZTE и Visa најавуваат нови системи за смарт-телефони
На Светскиот конгрес за мобилна телефонија, одржан во Барселона, Шпанија, на 27-ми февруари претседателот и главен извршен директор на Интел, Пол Отелини, ги соопшти деталите за плановите на компанијата за проширување на нејзините системи на чип (SoC) за смарт-телефони и насоки за перформансот и вредноста на сегментите на пазарот за паметни телефони.
По воспоставувањето стратешки партнерства со Моторола Мобилити и Леново, Интел ја објави соработката со Orange, Lava International Ltd. и ZTE.
Новиот смарт-телефон на Orange го содржи интеловиот Атом™ процесор Z2460. Има тенок дизајн, нуди добра забава и сите услуги достапни преку мрежата на Orange: Orange TV, Daily Motion, Deezer, Orange Wednesdays и Orange Gestures. Се очекува веќе до крајот на ова лето смарт-телефонот да биде достапен во Обединетото Кралство и Франција.
Интел ги објави и плановите да навлезе во растечкиот пазар на смарт-телефони во Индија, преку соработката со Lava International Ltd., која е една од најбргу растечките компании за мобилни телефони. Па така беше најавена и појавата на новиот смарт телефон XOLO by Lava. XOLO X900 се заснова на првичниот дизајн на Интел и ќе биде првиот смарт-телефон со Интел технологија на индискиот пазар.Се очекува да биде достапен во познатите продавници кон крајот на вториот квартал на 2012 година и ќе ги поддржува поголемите Индиски мобилни оператори.
Слично на претходното партнерство со Моторола мобилити, Интел најави повеќегодишна соработка за мобилни уреди, од смарт-телефони до таблети, и со познатата компанија ZTE. Беше најавено дека првиот мобилен уред на ZTE со Интел технологија ќе се појави на пазарот во втората половина на 2012 година.
Следејќи го врвниот перформанс и енергетска ефикасност на Интел Атом процесорот Z2460, претходно именуван “Medfield,” Интел најави дека од сега платформата ќе подджува брзини до 2GHz. Исто така беше најавен и Атом Z2580 процесорот кој двојно го зголемува перформансот на Атом процесорот Z2460 и содржи решение LTE/3G/2G. Интел ќе го испроба Z2580 процесорот во втората половина на годината, а појавата на првите производи е најавена за првата половина на 2013 година.
Со оглед на зголемените можности на пазарите каде потрошувачите бараат поголема вредност за пониски цени, Интел ги објави плановите за Интел Атом Z2000 процесор, наменет за сегментот на пазарот за смарт-телефони, за кој се смета дека може да достигне до 500 милиони единици до 2015 година. Платформата вклучува 1.0 GHz Атом процесор која нуди добра графика и видео, како и можност за пристап на Интернет и поддршка на Android гугл игри. Го поддржува и Интел модемот XMM 6265 3G HSPA+ со Dual-SIM 2G/3G, што овозможува флексибилност за податочни / гласовни повици а сè со цел да се намалат трошоците на корисникот. Интел ќе го испроба Z2000 во средината на 2012 година, а производите се закажани за почетокот на 2013 година.
Покрај овие 32-нанометарски најави, Отелини зборуваше како Интел Атом процесорот ќе го надмине познатиот Муров закон за развој на процесорите и најави дека Интел ќе испорача 22-нанометарски системи на чип (SoCs) за сертифицирање наредната година, а веќе се работи и на 14-нанометарска SoC технологија.
Минатата година, Интел испорачуваше во повеќе од 400 милиони мобилни платформи. Врз основа на оваа позиција на пазарот, Интел го најави XMM 7160, кој претставува напредна, мултимодална платформа LTE/3G/2G која поддржува 100Mbps downlink и 50Mbps uplink, како и HSPA+ 42Mbps. Интел ќе го испроба производот во вториот квартал, додека дизајните за потрошувачите се закажани за крајот на 2012 година.
Интел најави и дека ја испробува платформата XMM 6360, нов тенок модем 3G HSPA+ кој поддржува 42Mbps downlink и 11.5Mbps uplink.
Најавената повеќегодишна соработка со Visa inc подразбира работа на најразлични мобилни услуги на "Виза" и таблети и смарт-телефони со Интел Атом процесори за да се добијат безбедни и прифатливи услуги. Како прв чекор, Џон Партриџ, претседател на Visa Inc, го претстави дизајнот на Интел како одобрен за Visa payWave мобилните финансиски трансакции. Ова значи дека производите за потрошувачите кои ќе се засноваат на овој дизајн ќе имаат поддршка за Виза мобилните услуги.
Како соработката со "Гугл", Интел и понатаму соработува со независни продавачи на софтвер за да се осигура дека повеќето андроид апликации функционираат на уреди со Интел Атом процесор. Отелини зборуваше како Интел ги има сите потребни алатки и знаење да го поддржи екосистемот на развивање мобилни апликации.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.