Рубрика: Аудио и видеотехника
Litepanels - светло за 21. век
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Осветлувањето е од големо значење во процесот на создавање видео. Без добро светло, нема добар видеопроизвод. Многумина повеќе го сметаат осветлувањето за уметност отколку за техничка работа, но тоа е и едното и другото! Но, било да сте аматер или професионалец, а сакате да се занимавате со некаква видеопродукција, неопходно ви е добро светло. Посебно е тешко да одберете добра опрема ако финансиските можности ви се ограничени, но сетете се на познатата изрека дека ништо не е невозможно, само потребни се малку повеќе труд и ангажман и секој проблем има решение. Текстов има за цел да ви даде неколку совети за да можете да одберете светлосна опрема, се разбира, според можностите и според она што се нуди на пазарот.

Кога ќе се спомене зборот осветлување, прва асоцијација се рефлекторите. Сигурно многумина ќе се запрашаат, зошто? Затоа што тие можат да се вклопат речиси во секоја конфигурација за постигање на професионално осветлување, дури и кога се работи за ограничени финансиски средства. Притоа, ги има со најразлични цени – од нејевтини до најскапи (тие ги нема во локалните продавници), но и едните и другите даваат задоволителни резултати при осветлувањето на објектите. Со други зборови, и најскапата опрема не мора да значи дека ќе даде најдобри ефекти. Битни се и знаењето и искуството на оној што работи со опремата и што учествува во проектот. Ако е лошо светлото, и најдобрата камера нема да даде добра слика!

Клучни зборови:

LitePanelsSolaENG

Litepanels Sola 6 и 12

TouchScreen за внес на параметрите

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.