Рубрика: Медицина
Слабеење без гладување и прескокнување оброци
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Зголемувањето на телесна тежина кај луѓето е алармантно, особено кај помладата тинејџерска генерација и кај децата. Недвижењето, седењето пред компјутер и земањето брза храна си го прават своето. Како последица на тоа страда организмот, се јавуваат голем број на здравствени проблеми и болести. Страдаат речиси сите органи, индиректно или директно: срцето, крвните садови, џигерот, како и целиот систем за движење, од колената до петиците. Затоа сите препорачуваат: да се намали тежината! Лесно е и едноставно да се каже, но многу тешко да се оствари. Текстов нуди препораки и совети како да се слабее без гладување и диети.

За да го забават стареењето, да го задржат својот младешки изглед и да се ослободат од вишокот килограми Американците, а и многу други луѓе во светот, секоја година трошат милијарди долари за таблети, вежбања, дури и терапевти.
Едно истражување врз возрасен rezus makakues (вид мајмун) покажало дека мајмуните за една третина помалку умираат од болести поврзани со возраста, ако консумираат 30% помалку калории. Пред тоа, едно друго истражување покажало дека рестрикцијата на калориите може да го продолжи животниот век на сите суштества, почнувајќи од овошни мушички до кучиња. Но, најновите испитувања, водени од експертот за геријатрија Ричард Вајндрук од Националниот центар за проучување на приматите (вид мајмуни) во Висконсин и објавени во списанието "Наука" покажуваат дека намалувањето на калориите може да го продолжи животниот век на приматите. Овој вид истражување барал огромна трпеливост. Вајндрук поминал 20 години проучувајќи ги мајмуните. Во тоа време, тие што биле на диета биле помалку подложни на дијабетес, рак, кардиоваскуларни болести, дури и атрофија на мозокот. Тие, исто така, биле очигледно повлакнести и посилни, споредени со "добро" хранетите мајмуни.
Фармацевските компании сега бараат лек што ќе ги имитира бенефитите на рестриктивна диета без одрекувања.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.