Емитер 11/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Уредите за мерење на забрзувањето или акцелерометрите се применуваат во разни области на живеењето. Нивната изработка во форма на интегрирани кола овозможува решавање на голем број проблеми. Еден од нив е позиционирање во просторот, за што интерес пројави нашиот читател Столе Јовановски. Во написот се изложени принципот на работа, технологијата на изработка и примената на акцелерометрите.
MMA7260Q е акцелерометар со три оски на осетливост и со аналогни излези за мерење на забрзувањето на кој и да е објект на кој е поставен. Овој акцелерометар може да се употребува за детекција на разновидни движења, потоа за детекција на потреси во компјутери од ненадејно допирање или паѓање при што се блокира хард дискот за време на движење, во камери за управување на системи за стабилизација на сликата при движење на камерата, во разни уреди за физичка терапија, во разни видеоигри за добивање податоци за наведнување и др. За покомплексни функции потребно е да се приклучи на микроконтролор. Интегрираното коло BMA180 претставува дигитален акцелерометар со три оски и со интегриран температурен сензор. Со него може да се детектира наведнување, движење и вибрации во: навигациони системи; роботика; системи за насочување; електронски компас; мобилни телефони; компјутерски периферали; во уреди за разни игри; дигитални камери и камкордери; мерачи на ниво и др.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.