Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Интегрирани кола – историјат, класфикација и производство
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Интегрираните кола, пронајдок кој предизвика револуција во електрониката, го преплавија светот околу нас. Разни видови интегрирани кола се среќаваат насекаде почнувајќи од детски играчки, апарати за домаќинства, мобилни телефони, компјутери до најсложени професионални уреди во медицината, индустријата, преносот на информации и многу други области. Во написов ќе се обидеме, накратко, да се вратиме на почетокот на нивното создавање, нивната класификација како и краток опис на нивното производство.

Во 50-тите години на минатиот век вниманието на голем број научници и производители на електронска опрема е свртено на проблемите на намалување на електронските елементи и кола. Еден од нив, Џек Килби (Jack Kilby) во 1958 година, работејќи на минијатуризација на електрични кола, но незадоволен од постигнатите резултати, доаѓа на идеја составните компоненти на електричното коло да бидат направени во еден блок (монолитно) од полуспроводнички материјал и на тој начин го создава првото интегрирано коло. Тој го направил и првото интегрирано коло кое профункционирало. Со изработката на сите компоненти од еден блок на полуспроводен материјал и со додавање метален пласт на крајот за нивно меѓусебно поврзување, отпаѓа потребата од дискретни елементи, нема потреба од рачно поврзување и лемење, а процесот на производството се автоматизира. За овој пронајдок Килби заслужено добива Нобелова награда во 2000 година. Од првиот прототип на Килби до денес, развојот на интегрираното коло поминува долг пат. Неговата идеја води кон развивање на нова индустрија со масовно производство, процесот на производството на интегрираните кола станува автоматизиран со најмодерни машини и материјали и во строго контролирани услови. Денешните интегрирани кола содржат повеќе од 100 милиони елементи на површина што се мери со големината на еден од ноктите на човекот. Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Од нив сè започна - Џек Килби и Роберт Нојс

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.