Рубрика: Аудио и видеотехника
Позиционирање звучници во собата за слушање
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Звукот на вашиот hi-fi систем може многу да се подобри со правилно позиционирање на звучниците во вашата соба. Постојат два начина: макотрпен и неизвесен – со слушање, или брз и прецизен – со мерења.

Сте купиле скап hi-fi систем, блескаво оценет во специјализираните списанија за аудио, го поставувате дома, го пуштате вашето омилено ЦД, седнувате во само вашата фотелја и ... шок, очај, катастрофа! Најдлабоките басови бучат, повисоките басови и атакот никаде ги нема, стерео сепарацијата е никаква, звукот се закачил за звучните кутии и не се одлепува од нив... После првиот шок се соземате, сфаќате дека треба да најдете подобра местоположба на звучниците и се впуштате во долготрајна и неизвесна авантура. Ги поместувате звучниците за дваесетина центиметри лево-десно или напред-назад, седнувате во фотелјата, пуштате музика неколку десетина минути и... повторно шок и очај! Сега најдлабоките басови ги нема, повисоките басови се прегласни и ви се чини дека удираат длабоко во вашето внатрешно уво – неиздржливо! Значи, звучниците повторно треба да се поместат... А што ако фотелјата ја поместиме малку напред или назад? Повторно има разлика, но дали е на подобро или полошо? И така со недели и месеци, макотрпно поместување на звучниците и фотелјата, напрегнато слушање, па повторно поместување... Лесно ќе ги препознаете овие маченици: закрвавени очи од неспиење и "фатена половина" од постојано преместување тешки звучни кутии. А дали има некој полесен, побрз и попрецизен начин? Има – со мерење!

Измерена амплитудно-фреквенциска карактеристика на левиот звучник во собата. Црвено - стара позиција, зелено - нова позиција.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.