Рубрика: Астрономија и астронаутика
Астероид со изненадувачки чуден хемиски состав
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во 2008 год. во суданската пустина падна астероид. Хемиската анализа на составот на неговите остатоци извршена од екипи на НАСА и други институции покажа изненадувачки голем асортиман од составни компоненти, карактеристични за повеќе различни типови метеорити!

Во октомври 2008 год. астрономите ширум светот го следеа паѓањето на астероид во суданската пустина. Тоа беше прв небески објект кој беше набљудуван уште пред да влезе во атмосферата на Земјата и да се парчоса на поситни делови. Астрономите го означиле со 2008TC3 и, според проценка, тој имаше маса од околу 59 тони пред да влезе во високите слоеви на атмосферата, но експлозијата ја "преживеала" маса од само околу 40 kg, парчосана во многубројни фрагменти, кои се расеале по површината на суданската пустина. Лабораторијата на НАСА Jet Propulzion Laboratory во Пасадена, Калифорнија, под водство на Петер Џенискенс (Peter Jenniskens), еден од членовите на програмата СЕТИ, организирала екипа од трагачи составена од 150 студенти од Универзитетот во Картум, која извршила пребарување на теренот каде што паднале остатоците од астероидот, и собрала близу 600 фрагменти со вкупна тежина од околу 10 kg. Подетално за овој настан види го ЕМИТЕР 3/10: "Првпат визуелно следено паѓање на астероид".

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.