Рубрика: Омнибус
Неверојатни научни вистини (10)
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Науката постојано ни открива несомнени научни вистини, но некои од нив се спротивставуваат на нашиот здрав разум и ни изгледаат неверојатни. Во овој серијал ви претставуваме поголем број такви "неверојатни" научни вистини. На ред се нови пет неверојатни научни вистини: Гласните звуци ја намалуваат околната температура, Сите генетски болести не се наследни?, Компјутерот ги греши и едноставните пресметки!, Диносаурусите не се мртви?! и Клонираните животни се раѓаат веќе остарени.

Клонираните животни се раѓаат веќе остарени
Новороденото клонирано животно на прв поглед изгледа како кое и да е друго новороденче од неговиот вид. Сепак, неговата биолошка старост е иста со онаа на оригиналниот примерок од кој ова животинче е клонирано. Вака беше и случајот на овцата Доли, првиот цицач кој во 1996 година беше клониран во Шкотска. Јадрото на клетката преземена од "мајката" стара 6 години во себе содржеше "остарени" хромозоми. Ова се должи на тоа што во текот на последователните клеточни обновувања хромозомите малку по малку губат дел од ДНК-та која се содржи во теломерите, односно завршетоците на хромозомите. Па така, одбројувањето на животниот век на живинчето веќе одамна беше започнато во неговиот генетскиот материјал. Токму од овие причини овцата Доли умре по само пет години од нејзиното раѓање, како последица на артритис и белодробни проблеми, здравствени состојби кои се карактеристични за животни од овој вид постари од 11 години.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.