Рубрика: Автомобилска техника
Изработка на механичарски стетоскоп
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Механичарскиот стетоскоп е многу корисен инструмент во автомеханичарската пракса. Може да се купи од продавниците за специјален механичарски алат. Но, за малку пари и со малку труд може и да се направи во домашната работилница. Како да направите едноставен механичарски стетоскоп ќе ви покажеме во овој напис. Сигурен сум дека ќе успеете во изработката и сигурен сум дека често ќе го користите во праксата кога ќе има потреба за тоа. Исто така, со самото негово користење сигурен сум дека ќе отворите ново поглавје во вашата механичарска дејност како прилог во детекцијата и толкувањето на симптомите на дефектен мотор и воопшто на некој машински склоп.

Во нашиов случај под изработка на механичарски стетоскоп ќе се подразбира адаптирање на веќе постоечки класичен докторски стетоскоп во механичарски стетоскоп. Преправката (адаптирањето) е релативно едноставно. За тоа ни се потребни еден обичен докторски стетоскоп кој може да се најде по пазарчињата за техничка стока за околу 120,00 денари, една тркалезна железна прачка или стара антена за радиоприемник, една завртка со полукружна глава со димензии M5 x 60 и едно пластично црево со внатрешен пречник од 4mm и должина 45-50mm кое служи за полесно користење на инструментот од аспект на ергономија.

Клучни зборови:

Нашиот механичарски стетоскоп готов и спремен за работа.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.