Емитер 10/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Dawn (Зора) е сонда испратена од НАСА со меѓународна соработка да ги испита двете најголеми тела на астероидниот појас Веста и џуџестата планета Церес. Мотивот за испитување на овие две небески тела е тоа што се смета дека тие се две најстари протопланети чиј состав не е променет од нивниот настанок.
Причините за лансирање сонда кон астероидите е едноставна: тие се првиот чекор во формирањето на земјоликите планети во Сончевиот систем. Во релативна близина на Сонцето правта од која била составена маглината од која се формирал Сончевиот систем во процесот познат како акреција се "слепила" најпрвин во големи грутки материјал од кои со понатамошно "слепување" настанале земјоликите планети: Меркур, Венера, Земја и Марс. Овој процес се нарекува акреција. Во просторот меѓу Јупитер и Марс, гравитационата сила од Јупитер не дозволила да се формираат тела со дијаметар поголем од неколку десетини километри. Овие тела го сочинуваат астероидниот појас. Сепак неколку астероиди се значително поголеми. Такви се астероидот Веста и џуџестата планета Церес.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.